Чудото од Хадсон
„Чудото од Хадсон“ | |
---|---|
Режисер | Клинт Иствуд |
Продуцент |
|
Сценарист | Тод Комарницки |
Главни улоги | |
Музика |
|
Кинематографија | Том Стерн |
Монтажа | Блу Мари |
Студио |
|
Дистрибутер | Warner Bros. Pictures |
Премиера | 2 септември 2016(Телјурајд) 9 септември 2016 (САД) |
Времетраење | 96 минути[1][2] |
Земја | ![]() |
Јазик | англиски |
Буџет | $60 милиони[3] |
Бруто заработка | $238.5 милиони[4] |
Чудото од Хадсон (англиски: Sully) — американска животописна драма од 2016 година, режирана од Клинт Иствуд по сценарио на Тод Комарницки, заснована на автобиографијата Највисока должност на Чесли Саленбергер и Џефри Заслоу. Во главната улога се појавува Том Хенкс како Саленбергер, а во споредните улоги се појавуваат Арон Екхарт, Лора Лини, Ана Ган, Отем Ризер, Холт Мекалани, Џејми Шеридан и Џери Ферара. Филмот го следи принудното слетување на Ербасот А320, управуван од Саленбергер, на реката Хадсон во јануари 2009 година, во кој сите 155 патници и членови на екипажот преживеале, и подоцнежниот публицитет и истрагата за несреќата.
Чудото од Хадсон премиерно бил прикажан на 43. издание од филмскиот фестивал во Телјурајд на 2 септември 2016 година и бил издаден во САД од Warner Bros. на 9 септември 2016 година.[2] Филмот добил позитивни критики од страна на филмските критичари и заработил преку 238 милиони долари во светски рамки, но создал контроверзии со прикажувањето на Националниот совет за безбедност на транспортот. Американскиот филмски институт го вброил во најдобрите десет филмови во годината.[5] Филмот добил номинација за Оскар за најдобра монтажа на звук на 89. доделување на наградите.
Содржина
[уреди | уреди извор]На 15 јануари 2009 година, пилотот Чесли „Сали“ Саленбергер и ко-пилотот Џеф Скилс го започнуваат летот 1549 од аеродромот Ла Гвардија кон аеродромот Шарлот Даглас. Три минути по полетувањето, на приближна надморска висина од 850 метри, Ербасот А320 се судира во јато птици, при што откажуваат двата мотори. Без мотори и со лична проценка дека не може да слета на најблиските аеродроми, Сали принудно го слетува авионот на реката Хадсон. Екипажот и патниците го напуштаат авионот без повреди. Новинарите и јавноста го сметаат Сали за херој, но инцидентот му предизвикува посттрауматско стресно пореметување, и тој постојано го замислува авионот како се судира во зграда.
Сали дознава дека преелиминарните податоци покажуваат дека левиот мотор бил во фаза на мирување. Теоретски, ова би му овозможило со доволна сила да може да се врати на аеродромот Ла Гвардија или на блискиот аеродром Тетерборо. Од друга страна, Националниот совет за безбедност на транспорт тврди дека неколку поверливи компјутеризирани симулации покажале дека авионот можел да слета безбедно на било кој од двата аеродроми без мотори. Сали, сепак, инсистира дека тој ги загубил двата мотори, останувајќи без доволно време, брзина, или висина за да слета безбедно на некој аеродром.
Сали воочува дека советот го смета инцидентот за пилотска грешка, која ќе ја заврши неговата кариера. Тој договара повторување на симулациите со живи пилоти, и резултатите се пренесуваат на јавно сослушување. Двете симулации резултираат со успешни слетувања на двата аеродроми. Сали расправа дека тие се нереални бидејќи пилотите претходно се известени за ситуацијата со која ќе се соочат и за предложените вонредни мерки, и биле во можност да го извежбаат сценариото неколкупати. Советот прифаќа дека во реалниот живот на пилотите ќе им биде потребно повеќе време за реагирање и извршување на итните мерки пред да одлучат да го пренасочат авионот.
Двете симулации се повторуваат и пренесуваат на сослушувањето, овој пат со пауза од 35 секунди пред авионот да се пренасочи. Овојпат двете симулации се покажуваат како неуспешни, и авионот во двете ситуации не успева да слета на аеродромите. Советот објавува дека анализите извршени на левиот мотор, пронајден во реката, го потврдуваат извештајот на Сали дека моторот бил онеспособен од ударот во птиците. Советот заклучува дека Саленбергер постапил правилно избирајќи ја надобрата достапна опција, која во настанот ги спаси животите на сите кои се наоѓаа во авионот.
Улоги
[уреди | уреди извор]- Том Хенкс како Чесли „Сали“ Саленбергер
- Арон Екхарт како Џеф Скилс
- Лора Лини како Лорен Саленбергер
- Ана Ган како Д-р. Елизабет Дејвис
- Отем ризер како Тес Соза
- Ана Кјузак како Дона Дент
- Холт Мекалани како Мајк Клири
- Мајк О'Мали како Чарлс Портер
- Џејми Шеридан како Бен Едвардс
- Џери Ферара како Мајкл Дилејни
- Моли Хаган како Дорин Велш
- Макс Адлер како Џими Стефаник
- Сем Хантингтон како Џеф Колоџеј
- Вејн Баструп како Брајан Кели
- Валери Махафеј како Дајана Хигинс
- Кети Курик како себеси
- Џег Кобер како Л. Т. Кук
- Блејк Џонс како Сали (16 години)
- Моли Бербард како Алисон
- Крис Баусер како Лери Руни
- Џејн Габерт како Шејла Дајл
- Мајкл Рапапорт како Пит
- Капетан Винс Ломбарди како себеси
- Купер Тортон како Џим Витакер
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Sully (12A)“. British Board of Film Classification. September 5, 2016. Архивирано од изворникот на 2018-12-25. Посетено на September 5, 2016.
- ↑ 2,0 2,1 „Sully | Nearby Showtimes, Movie Tickets“. IMAX. Посетено на 26 ноември 2016.
- ↑ Рајан Фондер (September 6, 2016). „'Sully' and 'When the Bough Breaks' to choke 'Don't Breathe' at the box office“. Los Angeles Times. Посетено на September 8, 2016.
- ↑ „Sully (2016)“. Box Office Mojo. Посетено на January 18, 2017.
- ↑ Патрик Хајпс (December 8, 2016). „AFI Awards: Best Of 2016 List Includes 'Silence', 'Hacksaw Ridge' & More“. Deadline.com. Архивирано од изворникот на January 16, 2017. Посетено на December 8, 2016.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- Sully на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)