Летни олимписки игри 1920

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Летни олимписки игри - 1920)
N Зимски олимписки игри
Games of the VII Olympiad
Games of the VII Olympiad

Град домаќин
Бр. на држави 29
Бр. на спортисти 2,626
(2,561 мажи, 65 жени)
Натпревари 154 од 22 спортови
Отворени
Затворени
Официјално отворени од: Алберт I (Белгија)[1]
Спортска заклетва Виктор Боен
Стадион

Летните олимписки игри во Антверпен се одржале во 1920 година и биле официјално седми, но фактички шести одржани олимписки игри. Тоа е поради броењето и на неодржаните Летни олимписки игри во Берлин во 1916 година. Организацијата на игрите била доделена на градот Антверпен во чест на жртвите и насилството на белгискиот народ за време на Првата светска војна. Друга можност била игрите да се одржат во Будимпешта.

Игрите не биле одржани во Берлин што требало но не се случило 4 години пред тоа како казна за земјите губитнички во Првата светска војна поради нарушувањето на светскиот мир. На таа одлука многу влијаеле и одлуките од Версајскиот договор.

Организацијата на игрите била доделена на градот Будимпешта кој во трката ги победил Амстердам и Лион, но бидејќи Австроунгарија била сојузник на Германија и била поразена во војната и таа се соочила со истата казна како и Берлин.

Ретроспектива[уреди | уреди извор]

  • На овие Олимписки игри за првпат била дадена Олимписка заклетва и за првпат било завеано Олимпиското знаме.
  • На игрите имало итн. „зимска седмица“ во која имало натпревари во уметничко лизгање и хокеј на мраз.
  • Дјук Каханамаку успеал да ја одбрани Олимписката титула на 100m во пливање освоена на Летните олимписки игри - 1912.
  • Недо Нади освоил 5 златни медали во мечување.
  • Шведскиот натпреварувач во срелаштво на дивеч Оскар Сван победил во тимскиот настап со што со 72 години станал најстариот освојувач на Олимписки медал на сите времиња.
  • Се појавил легендарниот фински атлетичар Паво Нурми со победите на 10.000m и 8.000m, освоил злато и во тимска конкуренција и сребро на 5.000m.
  • За првпат Олимписките игри биле одржани натпревари во две држави. Два финални натпревари во едрење се одржале во Холандија од едноставна причина што имало само двајца натпреварувачи, а и двајцата биле Холанѓани.

Спротови[уреди | уреди извор]

Демонстративни спортови[уреди | уреди извор]

Земји-учеснички[уреди | уреди извор]

Учесницци, зелена- земји- учеснички коишто претходно учествувале, сино- земји- учеснички коишто учествуваат за првпат

На Летните олимписки игри - 1920 во Антверпен учествувале 29 нации, за една повеќе од оние во Стокхоилм во 1912 година. Германија, Австрија, Унгарија, Бугарија и Турција не учествувале бидејќи ја загубиле Првата светска војна и го нарушиле светскиот мир. Од новосоздадените држави се натпреварувале само Естонија и Чехословачка на местото од Бохемија. Кралството СХС, Бразил и Монако дебитирале на Олимписките игри, а за првпат самостојно настапил и Нов Зеланд по заедничкото учество со Австралија во 1908 и 1912 година.

Освојувачи на медали[уреди | уреди извор]

 Место  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1 САД 41 27 27 95
2 Шведска 19 20 25 64
3 Велика Британија 15 15 13 43
4 Финска 15 10 9 34
5 Белгија (домаќин) 14 11 11 36
6 Норвешка 13 9 9 31
7 Италија 13 5 5 23
8 Франција 9 19 13 41
9 Холандија 4 2 5 11
10 Данска 3 9 1 13

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. International Olympic Committee (13 септември 2013). "Factsheet - Opening Ceremony of the Games f the Olympiad". Соопштение за печат.

Надворешпни врски[уреди | уреди извор]