Елизабета Баварска

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Елизабет од Баварија)
Прејди на: содржини, барај
Елизабета Баварска
Erzsebet kiralyne photo 1867.jpg
Императорка на Австрија;
Кралица на Унгарија и Бохемија
На престол 24 Април 1854 – 10 Септември 1898
(&1000000000000004400000044 години и &10000000000000149000000149 дена)
Крунисување 8 Јуни 1867
Сопружник Франц Јосиф I
Деца
Натвојвотката Софи
Натвојвотката Жизела
Рудолф, Принцот од Австрија
Натвојвотката Марија-Валерија
Династија Куќата од Хабсбург-Лорен
Куќата од Витерлсбах
Татко Војводата Максимилијан Јосиф
Мајка Принцезата Лудовика од Баварија
Роден(а) 24 декември 1837(1837-12-24)
Минхен
Починал(а) Шаблон:Умрела
Женева
Вероисповед Римокатоличка

Елизабета Баварска (24 декември 183710 септември 1898) — царица на Австрија и кралица на Унгарија, како сопруга на Франц Јосиф I. Како таква таа имала и титули, како Кралица на Чешка, Кралица на Хрватска и други.[1]. Од нејзината рана возраст, семејството и пријателите ја викале „Сиси“. Иако Елизабета имала ограничено влијание врз Австро-Унгарската политика, таа има прераснато во историска икона. Се смета дека Елизабета не била конформист и се противела на конвенционалните дворски протоколи, а во исто време, таа била и трагична фигура.

Војвотка во Баварија[уреди | уреди извор]

Младата Елизабета (десно) и нејзината постара сестра Хелена во замокот Посенхофен Helene.

Елизабета се родила во Минхен, Баварија како Војвотката Елизабета Амали Еугени од Баварија. Таа била четвртото дете на Војводата Максимилијан Јосиф од Баварија и Принцезата Лудовика од Баварија. Нејзиниот семеен дом бил замокот Посенхофен. Уште во детските години, Сиси се однесувала либерално, бегајќи од часовите за да го јава својот коњ. Во 1853 година, Елизабета ја придружувала мајка ѝ и 18-годишната сестра, Војвотката Хелена, на патот кон одмаралиштето Бад Ишл во Горна Австрија. Мајка ѝ се надевала дека Хелена ќе го привлече вниманието на нејзиниот прв братучед по мајка, 23-годишниот Франц Јосиф, тогашен цар на Австрија. Наместо тоа, Франц Јосиф ја одбрал 15-годишната Елизабета и тие се венчале една година потоа во Виена, во црквата Св. Августин, на 24 април 1854 година.[2]

Кралица и царица[уреди | уреди извор]

На возраст од шеснаесет години, Елизабета се мачела да се привикне на строгиот код на однесување во Хабсбуршкиот дворец. На царот му родила три деца во краток период: Надвојвотка Софи од Австрија (1855–1857), Надвојвотка Жизел од Австрија (1856–1932), и несудениот принц Рудолф (1858–1889). Притоа, веднаш по раѓањето на ќерките, мајката на царот ги одделила децата од Сиси за да го спречи нејзиното влијание врз воспитувањето на децата. Во 1857 година, се случила трагедија: Елизабета, наспроти советите на докторите, ги зела двете ќерки на одмор во Унгарија. Двете девојки биле заболени од дијареја, но иако Жизел брзо се опоравила, нејзината постара сестра Софи подлегнала на болеста и умрела на возраст од две години.[3] Смртта на првото дете ја прогонувала целиот живот и создал траен јаз меѓу неа и нејзиниот сопруг, кој постепено растел како што бракот полека им пропаѓал. Во 1860 година, Елизабета заминала од Виена откако добила белодробно заболување, за кое подоцна се мислело дека е психосоматско. Зимата ја поминала во Мадеира и се вратила во Виена откако ги посетила Јонските острови. Веднаш потоа, таа повторно се разболела и се вратила на Крф.

Крунисувањето на Франц Јозеф и Елизабета како крал и кралица на Унгарија и Хрватска.

Во 1867 година, националната побуна во Хабсбуршката монархија, предизвикана од бунтовници од Унгарија, довела до основањето на Австро-Унгарската двојна монархија. Елизабета секогаш имала симпатии кон унгарската кауза. Во 1857 година, таа за првпат ја посетила Унгарија, заедно со сопругот и со двете ќерки, и веднаш почувствувала приврзаност кон земјата, така што почнала да се залага за правата на Унгарците во рамките на монархијата. Во тоа време, таа имала влијание врз својот сопруг и го убедувала да ги аболицира италијанските и унгарските политички затвореници. Исто така, благодарение на неа, Андраши станал унгарски премиер, а таа започнала да го учи унгарскиот јазик.[4]

Смирена и вратена кај нејзиниот отуѓен сопруг, таа му се придружила на Франц Јосиф во Будимпешта, каде во 1867 година се случило нивното крунисување, а тие добиле имот во близината на Будимпешта. По смирувањето на империјалната двојка, Елизабета го родила нивното четврто дете, Надвојвотката Мари Валери (1868–1924). Потоа, таа се вратила на нејзиниот поранешен живот на неуморно патување низ Европа. На Елизабета ѝ било забрането некакво поголемо влијание врз одгледување на нејзините постари деца; ги одгледала нивната маќеа и тетка, Принцеза Софи од Баварија, која честопати ја нарекувала Елизабета „смотана млада мајка“. Оттука, Елизабета започнала живот полн со патувања и малку го гледала своето дете. Посетувала локации како Мадеира, Унгарија, Англија и Крф. Во Крф, по смртта на синот, таа почнала да гради палата која ја нарекла Ахелион, по Хомеровиот херој Ахил од Илијадата. По смртта, таа градба била купена од германскиот цар Вилхелм II. Подоцна, зградата била купена од Грција и била претворена во музеј.

Елизабета со дијамантски ѕвезди во косата (1865), дело на Франц Ксавер Винтерхалтер.

Сиси била позната по нејзината убавина. Весниците објавувале написи за нејзиниот моден стил, исхраната и физичките вежби, страста за јавање коњи и за нејзините љубовници, иако не постојат дефинитивни докази дека имала љубовни врски. Таа многу внимавала на изгледот и трошела многу време да си ја зачува убавината. Честопати купувала во модната куќа „Antal Alter“ во Будимпешта (сега Alter és Kiss). По смртта на ќерката, за време на повремените депресии, таа престанала да се храни во нормални количини и ретко вечерала со семејството. Нејзината цел била да не надмине 50 килограми, а кога ќе се случело тоа, таа применувала строг пост. Во однос на физичката активност, Сиси обожавала да јава и тоа го правела секој ден по неколку часа. Во својот дом и на своите имоти барала да се постават сала за вежбање и многу огледала за да може да ги следи и поправа своите чекори. Во последните години од животот, таа почнала да вежба и мечување. Сиси била особено позната по долгата и бујна коса, која ја одржувала со повеќечасовни третмани со ароматични масла. Исто така, таа била полиглот: зборувала англиски, француски, унгарски и грчки.[5]

Царицата пишувала поезија („Nordseelieder“ и „Winterlieder“, обете инспирација од нејзиниот омилен германски поет, Хајнрих Хајне). Бидејќи во поезијата внесувала фантазија, себеси се нарекувала Титанија, Шекспировата Самовилска Кралица. Повеќето од нејзината поезија е поврзана со нејзините патувања, со класични грчки и романтични теми и со иронични коментари за Хабсбуршката династија. Во тие години Елизабета интензивно студирала древен и модерен грчки јазик, и се заокупирала со „Илијада“ и „Одисеја“ на Хомер. Бројни грчки предавачи, како Маринаки, Христоманос и Баркер, ја придружувале царицата на нејзините долги прошетки.

Во 1889 година, животот на Елизабета бил растресен од смртта на нејзиниот единствен син. Триесетгодишниот Принц Рудолф и неговата млада љубовница Баронка Мари Вецера биле пронајдени мртви; истрагата сугерирала дека станува за убиство-самоубиство. Скандалот е познат како инцидентот Маерлинг, според ловџиската викендичка на Рудолф во Долна Австрија, каде биле пронајдени нивните тела. Сензационалната смрт на Рудолф го зголемила јавниот интерес за Елизабета, и таа продолжила да биде еден вид икона и сензација. Носела долг црн фустан кој можел да се закопчува до вратот, бел парасол направен од кожа и кафен вел со кој го криела лицето од љубопитните.

ЕЕлизабета поминала кратко време со сопругот во главниот град на Австрија, Виена. Нивната комуникација се зголемила во последните години, аодносот им прераснал во топло пријателство. На нејзиниот царски пароброд „Мирамар“, царицата Елизабета често патувала низ Средоземното море. Нејзините омилени места биле ‘Ртот Мартин на француската ривиера; езерото Женева во Швајцарија; Бад Ишл во Австрија, каде империјалната двојка ги поминувала летата; и Крф. Царицата посетувала и земји во кои ниедна северна благородничка не одела во тоа време: Португалија, Шпанија, Мароко, Алжир, Малта, Турција и Египет.

Атентат[уреди | уреди извор]

Уметничка претстава на прободувањето со нож на Елизабета од страна на Лукени.

На 10 септември 1898, во Женева, Елизабетa, која имала 60 години, била прободена во срцето со остра турпија од анархистот Луиџи Лукени.[6] Кога ја нападнал, таа пешачела долж променадата на езерото Женева со нејзината придружничка, Баронеса Штарај, пред да се качи на парабродот „Genève“. Сепак, таа се качила на бродот, несвесна за сериозноста на нејзината состојба. Крварејќи до смрт од убодот во срцето, Елизабета прашала „Што ми се случи?“ Силниот притисок од нејзиниот корсет го спречувал крварењето се додека не ѝ го отстраниле. Имено, нејзиниот атентатор се надевал дека ќе убие некој принц од Куќата на Орлеан, и откако не успеал да го пронајде, ја убил Елизабета. Лукени подоцна изјавил: „Сакав да убијам некој кралски член. Не ми правеше разлика кој“. Царицата била закопана во Царската гробница во центарот на Виена. Откако дознал за смртта на својата сопруга, Царот наводно прошепотил: „Никогаш нема да дознае колку ја сакав“.

Наследство[уреди | уреди извор]

Саркофагот на Елизабета и на Франц Јозеф во Виена.
Споменик на Елизабета во Виена подигнат во 1907.

Во 1988 година, историчарката Брижит Хаман ја напишала „Колебливата царица“, биографија за Елизабета, будејќи го интересот за сопругот Франц Јосиф. За разлика од претходните отсликувања на Елизабета како еднодимензионална бајка за принцеза, Хаман ја отсликала како горчлива, несреќна жена полна со самопрезир и разни емоционални и ментални нарушувања. Сликата на Хаман открива нови страни во легендата за Сиси и ја контемплира улогата на жените во политиките и династиите од високи нивоа. Денес, бројни туристи ги посетуваат местата што ги популаризирала Елизабет, во Австрија и во странство: апартманите во Хофбург и палатата Шенбрун во Виена; империјалната вила во Ишл, Ахелион на Крф, која ја изградила во 1890 година, веднаш по смртта на синот; и летната резиденција во Годоло, Унгарија.

Елизабета повеќе ја сакала Унгарија од Австрија и се опкружувала со унгарски придружнички; особено била блиска со Мари Фестетикс и Ида Френечи. Инсистирала нејзините помошници да зборуваат унгарски, јазик кој таа го зборувала течно. Еден од нејзините најблиски пријатели бил грофот Андраши, кој подоцна станал министер за надворешни работи на Франц Јосиф. Оттука, неколку места во Унгарија се именувани по неа: две општини во Будимпешта, Ержебетварош и Пестержебет; како мостот Ержебет. Во 1998 година, Џералд Бланшар ја украл „Ѕвездата Сиси“, дијамантско и бисерно парче накит кое ѝ припаѓало на Елизабета од Баварија од палатата Шенбрун во Виена.

Сиси во популарната култура[уреди | уреди извор]

Театар и музика[уреди | уреди извор]

Фриџ Крајслер ја компонирал комичната оперета „Sissi“, чија премиера се одржала во Виена, во 1932 година. Либретото било напишано од Ернст и Хуберт Маришка, со оркестрации од Роберт Расел Бенет. Во 1936 година, „Columbia Pictures“ го снимила филмот „The King Steps Out“, режиран од Јозеф фон Штернберг, со главна улога на оперската дива Грејс Мур и Франшо Тоне. Во 1943 година, Жан Кокто напишал драма за замислена средба меѓу Елизабета и нејзиниот атентатор, „L'Aigle à deux têtes“; премиерата на оваа драма била во 1946, а таа била снимена како филм во 1948 година. Филмот на Антониони од 1981 година, „Мистеријата на Обервалд“, е базирана директно врз драмата на Кокто.

Кенет Мекмилан во неговиот балет, „Mayerling“ (1978), ја отсликал Елизабета во pas de deux со нејзиниот син Принц Рудолф, централниот карактер во балетот. Во 1992 година, мјузиклот „Елизабет“, се прикажал премиерно во „Theater an der Wien“ во Виена. Напишан од Михаел Кунце (либрето, текст) и Сливестер Левај (музика), тој е веројатно најмрачниот портрет на животот на царицата, отсликувајќи ја Елизабета како носи физичка манифестација на смртта со неа кога дошла во империјалниот дворец, со што ја уништила Хабсбуршката династија. Главната улога во премиерата е одиграна од холандската пејачка Пија Доувес. Во 1993 година, француската балерина Силви Гиљем се појавила во „Sissi, l'impératice anarchiste“, со кореографија од Морис Бежар.

Во земјите од германското говорно подрачје, името на Елизабета честопати се поврзува со трилогија од романтични филмови за нејзиниот живот режирани од Ернст Маришка и со тинејџерската ѕзвезда Роми Шнајдер:

  • Sissi (1955)
  • Sissi — die junge Kaiserin (1956) (Сиси — младата царица)
  • Sissi — Schicksalsjahre einer Kaiserin (1957) (Сиси — Судбоносните години на младата царица)

Триве филма, реставрирани, се прикажуваат секој божиќ на австриски, германски и француски телевизии. Многу имаат помогнато околу создавањето на митот за Елизабета. Поскратена верзија синхронизирана на англиски е издадена во 1962 под насловот „Засекогаш моја љубов“. Во 2007, три германски филмови беа издадени со англиски превод како „Сиси колекција“. Шнајдер ја мразела улогата, тврдела дека само по неа ја препознаваат. Подоцна се појавила како пореалистичната и фасцинантна Елизабета во „Лудвиг“ на Лукино Висконти, филмот од 1972 година за роднината на Елизабета, Лудвиг Втори од Баварија. Портретот за неа во овој филм е единствениот од нејзините улоги во кој е покажана дома.

Ава Гарднер ја глумела царицата во филмот „Маерлинг“ од 1968 година. Елизабета е тема и на германскиот филм од 1991 година, наречен „Сиси/Последна минута“ (оригинално “Sisi und der Kaiserkuß“, „Сиси и бакнежот од царот“). Во филмот глуми француската глумица Ванеса Вагнер како Сиси, Нилс Таверниер како Франц Јосиф и Соња Кирхбергер како Нене. Во филмската верзија на Ендрју Лојд Вебер, „Фантомот на операта“, карактерот Кристина носи фустан инспириран од портретот на Елизабета од Австро-Унгарија од Франц Ксавиер Винтерхалтер. Во 2007 година, германскиот комичар и режисер Михаел Хербиг ја издал компјутерската анимирана пародија базирана на Елизабета со наслов Lissi und der wilde Kaiser („Лиси и дивиот цар“).

Телевизија[уреди | уреди извор]

Во 1974, Елизабета била претставена во британската телевизиска серија „Падот на орлите“. Даен Кин ја глумела малата Елизабета, а Рејчел Гарни ја играла Елизабета за периодот на смртта на принцот Рудолф. Главната мистерија во ТВ адаптацијата во 1992 на „Скршеното огледало“ на Агата Кристи се концентрира околу снимањето фиктивен филм за Елизабета. Глумицата која ја игра царицата е Клер Блум. Слично, во една од епизодите од австриските ТВ серии Kommissar Rex, (1994) за полициското куче кое ги решава случаите на неговиот господар полициски-инспектор, митот за Сиси фигурира во главната фабула. Оваа епизода, тринаесетта од петтата сезона на серијата (и последната од таа сезона), е именувана како „Сиси“. Фиктивните детски години на Елизабет се прикажан во детската серија од 1997, „Принцезата Сиси“. Ариел Домбасле во телевизискиот филм од 2004 година, L'impératrice rebelle, ја глуми Сиси во последните пет денови од нејзиниот живот. Санда Чекарели ја игра постарата Елизабета во ТВ драматизацијата од 2006 во околу инцидентот Маерлинг, во „Крунисаниот Принц“. Нејзиниот син и нејзиниот љубовник се глумени од Макс фон Тун и Виторија Пукини. Во декември 2009 година се појавила мини-серијата продуцирана со германско, австриско и италијанско партнерство, со Кристиана Капотанди како Елизабета и Дејвид Рот како царот Франц Јосиф.

Литературни дела[уреди | уреди извор]

Елизабета се појавува како значаен карактер во новелата Spangle на Гери Џенингс во 1987 година. Новелата делумно се однесува на циркусот кој патува низ Европа на крајот од 19 век и ги отсликува интересите на историската Елизабета за циркуси и опасни јавања. Нејзината приказна ја има инспирирано книгата за деца од 2003 година, „Кралскиот дневник: Елизабета, Принцезата невеста“.

Музика[уреди | уреди извор]

Албумот на холандската пејачка Петра Бергер, Eternal Woman, ја вклучува песната „If I Had a Wish“, песна за Елизабета. Во 2010 година, шкотската фолк-група „Вашингтон Ирвинг“ издала песна со наслов „Сиси“ на нивниот прв албум „Little Wanderer, Head Thee Home“ кој ги опишува некои од главните инциденти во животот на Елизабета од перспектива на љубоморен љубовник.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. www.britannica.com
  2. Нина Дечева, „Сиси, австроунгарската Леди Ди од 19 век“, Економија и бизнис, година 18, број 225, март 2017, стр. 80.
  3. Нина Дечева, „Сиси, австроунгарската Леди Ди од 19 век“, Економија и бизнис, година 18, број 225, март 2017, стр. 81.
  4. Нина Дечева, „Сиси, австроунгарската Леди Ди од 19 век“, Економија и бизнис, година 18, број 225, март 2017, стр. 81.
  5. Нина Дечева, „Сиси, австроунгарската Леди Ди од 19 век“, Економија и бизнис, година 18, број 225, март 2017, стр. 82.
  6. Нина Дечева, „Сиси, австроунгарската Леди Ди од 19 век“, Економија и бизнис, година 18, број 225, март 2017, стр. 82.