Големата палата во Константинопол

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на административниот град во Константинопол. Структурите на Големата палата се прикажани во нивната приближна позиција кои произлегуваат од литературни извори. Преживеанте структури се во црна боја.

Големата палата во Константинопол (грчки: Μέγα Παλάτιον, турски: Büyük Saray) - исто така позната и како Тајната Палата (латински: Sacrum Palatium, грчки: Ιερόν Παλάτιον) претставувала голема империјална палата која се наоѓала во југоисточниот дел на денешниот Стар Истанбул (односно населбата Фатих). Таа служела како главна резиденција на Источноримските или византиските императори во периодот од 330-1081 година и била во центарот на царската администрација за повеќе од 800 години.

Историја[уреди]

Кога Константин I престолнината ја преместил од Рим во Константинопол во 330 година, тој веднаш наредил да се изгради голем дворец кој ќе служи како резиденција. Палатата се наоѓала помеѓу хиподромот и Аја Софија. Градбата била обновувана и проширувана на неколку пати, особено во времето на императорите Јустинијан I и Теофил.

До почетокот на 13 век, Големата палата служела како примарен административен и церемонијален центар на градот, иако од почетокот на династијата на Комнините, палатата во Влахерна била фаворизирана како империјална резиденција. За време на Четвртата крстоносна војна, дворецот бил ограбен од страна на војниците на Бонифациј на Мoнтиферат. Иако подоцнежните латински императори продолжиле да ја користат палатата, сепак тие немале пари за нејзината обнова и одржување.

Кога градот бил повторно заземен од страна на силите на Михаил VIII Палеолог во 1261 година, големата палата веќе се наоѓала во лоша состојба, па тој не ни направил некои поголеми реставрации на истата, така што кога Мехмед II влегол во градот во 1453, тој ја најдол разурната и напуштена.

Голем дел од палатата бил срушен по општата обновата на Константинопол во раните години на Отоманската ера. Сепак, на почетокот на 20 век, Големата палата била опожарена. Во последните неколку години во палатата се врши истражување; вкупното ископување не е изводливо, бидејќи Султан Ахмедовата џамија и соседните згради се наоѓаат во нејзина непосредна близина. Повеќето од откопаните мозаици биле сместени во Музејот наречен Мозаик на Големата палата.

Опис[уреди]

Палатата била сместена во југоисточниот дел на полуостровот во градот, каде што се наоѓаат Хиподром и Света Софија. Вкупната површина на Големата палата надминувала 200.000 квадратни метри (19.000 m2).

Главниот влез на палатата била портата Чалке пред плоштадот Август, кој се наоѓал на јужната страна од Света Софија, а таа била главната улица на градот. На исток од плоштадот се наоѓале сенаторската куќа или Палатата Магнаура, каде подоцна бил сместен универзитетот, и западно од споменикот Милиони.

Литература[уреди]

Надворешни врски[уреди]