Википедија:Велоекспедиции 2017

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Велоекспедиции“

Во текот на 2017 година била организирана првата посебна експедиција во една област, Ѓаваткол.

Воедно, во текот на 2017 година биле спроведени низа збирни посети на различни места во Македонија и мал дел во Албанија (областа Мала Преспа).

Прва велоекспедиција[уреди извор]

Ѓаваткол[уреди извор]

Групна фотографија на учесници во близина на селото Свиниште

Викендот 12 и 13 август 2017 година, корисникот Ehrlich91 заедно со уште четворица други велосипедисти се упати кон областа Ѓаваткол, каде што беше спроведена првата организирана посебна велоекспедиција.

Во утринските часови на 12 август тргнавме на својот поход. По три часа пат и појадокот во хотелот по скратен пат од селото Трново, се упативме кон првото село, Српци. Како и на самите Викиекспедиции, главната цел беше правење панорамски фотографии од селата, фотографирање на поважните општествени и верски градби, архитектурата низ селата, како и сите други природни реткости.

По посетата на селото Српци, се упативме кон селото Рамна, а малку подолу се укажа и прекрасна можност за панорамски поглед на селото Лера. Во селото Лера беше посетен и локалитетот „Свет крст“, кој се наоѓа на блискиот рид на кој е поставен необичен крст.

Од Лера се упативме кон селото Гопеш, нашата највисока точка во текот на денот, каде што се наоѓа заштитениот споменик на културата, огромната црква „Св. Преображение“, која говори за добрите времиња на селото. По патот за Гопеш беа фотографирани и селската црква на селото Доленци, како и црквите „Св. Никола“ и „Св. Илија“ изградени во поново време од мештани. Потоа, се упативме кон раселените села Свиниште и Стрежево, при што откривме зачувана црква „Св. Ѓорѓи“, остаток од некогашното село Свиниште.

Иако планиравме да се вратиме во Лера и да продолжиме кон поголемите села во областа, поради лошите услови на патот, се упативме долж крајбрежјето на вештачкото езеро Стрежево и во Битола се вративме по сосем друг пат.

Во текот на 13 август сакавме да го посетиме Големото Пелистерско Езеро, но поради студеното време (од само 6 степени) бевме принудени да се вратиме назад.

Исход

На крајот, експедицијата ја завршивме со посетени и фотографирани 7 села, заедно со уште толку цркви и други културни и природни знаменитости.

Статии
Број Статија Фотографија Предмет на Википодатоци Забелешки
1. Доленци — село Q3033893 значително подобрена статија
2. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Доленци — црква Q43381562 нова статија
3. Лера — село Q3084622 значително подобрена статија
4. Црква „Св. Никола“ - Лера — црква Q43401577 нова статија
5. Свет крст (Лера) — верски објект Q43478527 нова статија
6. Стрежевско Езеро — вештачко езеро Q1772988 значително подобрена статија
7. ХЕЦ „Стрежево“ — хидроцентрала Q12911394 значително подобрена статија
8. Рамна — село Q3085433 значително подобрена статија
9. Српци — село Q2305137 значително подобрена статија
10. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Српци — црква Q43889407 нова статија
11. Гопеш — село Q3085401 значително подобрена статија
12. Црква „Св. Преображение“ - Гопеш — црква Q22909921 нова статија
13. Црква „Св. Илија“ - Гопеш — црква Q44200009 нова статија
14. Црква „Св. Никола“ - Гопеш — црква Q44200562 нова статија
15. Прва ресенска парохија — црковна парохија Q31360108 подобрена статија
16. Свиниште — село Q3084544 значително подобрена статија
17. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Свиниште — црква Q43016583 нова статија
18. Стрежево — село Q3085958 значително подобрена статија
19. Демирхисарска парохија — црковна парохија Q23472983 подобрена статија
20. Молика — вид борово дрво Q146021 подобрена статија
21. Пелистер — врв на Баба Q2008252 подобрена статија

Фотографии[уреди извор]

Сите фотографии направени за време на велоекспедицијата се достапни во следнава категорија:

Втора експедиција[уреди извор]

Збирни посети[уреди извор]

Овие посети биле спроведени во текот на целата 2017 година од страна на корисникот Ehrlich91, како и други членови, при што биле фотографирани многу зафрлени места, реки, природни реткости и објекти во необично издание.

Статии
Број Статија Фотографија Предмет на Википодатоци Забелешки
1. Милениумски крст — градба Q1890632 подобрена статија
2. Крива Река — река Q2741380 подобрена статија
3. Мавровско Езеро — езеро Q1785612 подобрена статија
4. Даме Груев (населба) — населба Q12905986 подобрена статија
5. Лисец (Голешница) — планински врв Q31361373 подобрена статија
6. Мала Река (Голешничка) — река Q47530594 нова статија
7. Бањанска Река — река Q10304441 подобрена статија
8. Кучково — село Q3133561 подобрена статија
9. Никиштане — село Q3071166 значително подобрена статија
10. Леска (Мала Преспа) — село Q3301490 подобрена статија
11. Тони Вода — село Q47634537 подобрена статија
12. Салаковски Езера — леднички езера Q12910139 подобрена статија
13. Жеден — планина Q12280067 подобрена статија
14. Орашко Кале — тврдина Q12909330 подобрена статија
15. Луковица (Тетовско) — село Q3077532 подобрена статија
16. Луковички манастир — манастир Q23674712 подобрена статија
17. Водно — планина Q1048376 подобрена статија
18. Црква „Св. Никола“ - Нерешки Пат — црква Q20570209 подобрена статија
19. Хром (населба) — населба Q25553695 подобрена статија
20. Планинарски дом „Љуботен“ — планинарски дом Q50136317 нова статија
21. Леска (Мала Преспа) — село Q3301490 подобрена статија

Фотографии[уреди извор]

Сите фотографии направени за време на велоекспедицијата се достапни во следнава категорија:

Поврзано[уреди извор]