Владимир Путин: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.2) (Робот: Додава pnb:ولیڈمر پوٹن
RedBot (разговор | придонеси)
Ред 89: Ред 89:
[[lad:Vladimir Putin]]
[[lad:Vladimir Putin]]
[[lbe:Владимир Путин]]
[[lbe:Владимир Путин]]
[[lez:Путин, Владимир Владимирович]]
[[lez:Владимир Владимирович Путин]]
[[la:Vladimirus Putin]]
[[la:Vladimirus Putin]]
[[lv:Vladimirs Putins]]
[[lv:Vladimirs Putins]]

Преработка од 17:23, 21 август 2012

Владимир Путин
Роден 7 октомври 1952
Ленинград, Руска СФСР, СССР

Владимир Владимирович Путин (на руски: Влади́мир Влади́мирович Пу́тин) е руски политичар, претседател на Русија и нејзин поранешен премиер. Како привремен претседател на Русија станал на 31 декември 1999, при што го заменил Борис Елцин, а својата заклетва ја дал на 7 мај 2000 година по претседателските избори. Во 2004 година бил повторно реизбран, а неговиот мандат истекол во март 2008 година. По мандатот, како претседател го наследил Димитриj Медведев, кој на функцијата се задржал сè до 7 мај 2012. По победата на претседателските избори истата година, Путин повторно застанал на функцијата претседател.

Биографија

Владимир Путин e роден во Ленинград (денешен Санкт Петербург). Тој завршил право на Ленинградскиот државен универзитет во текот на 1975 година., за потоа да се вработи во Комитетот за државна безбедност (КГБ). Од 1985 година работел за КГБ во поранешната Источна Германија. По враќањето во 1990 година во сопствениот град во Русија работел како служител во универзитет (1990-1991), советник за странски инвестиции за градоначалникот Анатолиј Собчак (1991-1994 ) и како помошен градоначалник (1994-1996). Официјално ја напуштил КГБ по реформите од 1991 година.

После 1996 година Путин се преселил во Москва и работел во администрацијата на Борис Елцин. Од 1997 година тој е заменик на администрацијата на Кремљ. Во 1998 година е назначен за директор на Федералната служба за сигурност на Русија, наследничката-организација на КГБ. Во текот на март 1999-та година станал и секретар на Советот за сигурност на Русија, а во август бил назначен за премиер. Од декември истата година бил назначен за претседател според уставот на Руската Федерација, по неочекуваната оставка на тогашниот претседател Борис Елцин. Во 2000 година по пат на демократски избори е избран за претседател на Русија, а во 2004 година за втори пат станува претседател по пат на слободни избори. Во 2008 е назначен за премиер на Русија од Димитриј Медведев, новиот претседател на Русија. Ова траело до 2012 г. кога Путин добива мнозинство на претседателските избори и, на 7 мај 2012 го наследува Медведев на функцијата претседател.


Руски владетели
Руски кнезови и цареви (1283–1547) Даниел МосковскиЈуриј IIIИван IСимеонИван IIДмитриј ДонскиВасилиј IВасилиј IIИван IIIВасилиј IIIИван IVФјодор IБорис ГодуновФјодор IIЛажен Дмитриј IВасилиј IVМихаил РомановАлексеј IФјодор IIIИван VПетар I
Императори на Русија (1721–1917) Петар IКатерина IПетар IIАна ИвановнаИван VIЕлисавета ПетровнаПетар IIIКатерина IIПавле IАлександар IНиколај IАлександар IIАлександар IIIНиколај II
Лидери на Советскиот Сојуз (1917–1991) Владимир ЛенинЈосиф СталинГеоргиј МаленковНикита ХрушчовЛеонид БрежневЈуриј АндроповКонстантин ЧерненкоМихаил Горбачов
Претседатели на Русија (1991–) Борис Елцин • Владимир Путин  • Дмитриј Медведев • Владимир Путин