Кена (оброк)

Од Википедија — слободната енциклопедија

 Кена (латински: cena) ― главниот оброк во денот во античкоримската култура.[1] Граматичарот Секст Помпеј Фест зачувал во своето дело „De Verborum Significatione“ дека во претходните времиња, кената била одржувана напладне, но подоцна почнала да биде одржувана навечер, со прандиум кој го заменувал пладневниот оброк.[2] Тоа било насочна точка на општествениот живот, заедно со јавните бањи, чиешто честопати често му претходеле на оброкот. Седењето за време на вечерата било во триклиниумот, три каучи за лежење распоредени како три страни на квадрат, со мала маса за храна во средината на сите овие.

Кената традиционално се состоела од три дела. Предјадењето често вклучувало јајца, маслинки и медено вино. Главното јадење често го вклучувало јадење со месо, како печена свиња. Десертот вклучувал овошје или јаткасти плодови. Само многу богатите јаделе егзотични јадења како што се жирафи, ноеви, лавови и пауни.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Roman Food“. www.primaryhomeworkhelp.co.uk. Посетено на 21 ноември 2021.
  2. Festus, Sextus Pompeius. De Verborum Significatione. 54.CS1-одржување: место (link)
  3. Hornblower, Simon; Spawforth, Antony; Eidinow, Esther, уред. (2012). „Meals“. The Oxford Classical Dictionary (4.. изд.). Oxford University Press.