Јаткасти плодови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Јаткасти плодовиовошје составено од јадлива тврда школка (лушпа) и семе, што е за јадење. Во општа употреба, широк спектар на сушени семиња се нарекуваат јаткасти плодови, но во ботаничка смисла "орев" значи дека школка (лушпата) не се отвара за ослободување на семето (делумно). Преводот на самиот израз јаткасти плодови ("орев") на одредени јазици честопати бара парафрази, бидејќи зборот е двосмислен.

Во јаткастите плодови се вбројуваат: оревите, костените, лешниците, желадите, бадемите, ф'стаците, индиски ореви, а во широка смисла пред се поради прехранбените и кулинарско-комерцијалните практики се вбројуваат и кикиритките иако тие се зеленчук. Самите јаткасти плодови растат на дрвја поради што тие се сметаат за овошје.

Повеќето семиња доаѓаат од плодови кои природно се ослободуваат од лушпата, за разлика од јаткастите плодови како што се лешниците, костените и желадите, кои имаат тврди школка и потекнуваат од соединет јајчник. Општата и оригиналната употреба на терминот е помалку рестриктивна, а многу јаткасти плодови (во кулинарна смисла), како што се бадеми, пекан, ф'стаци, ореви и бразилски ореви[1], не се ореви во ботанички поглед. Вообичаената употреба на терминот често се однесува на било какво тврда лушпа, јадливо (јаткасто) јадро како јатка[2].

Земјоделското производство на јаткастите плодови подразбира намерно организирано одгледување на дрвата на кои растат јаткасти плодови насадени во овоштарници.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Alasalvar, Cesarettin; Shahidi, Fereidoon. Tree Nuts: Composition, Phytochemicals, and Health Effects (Nutraceutical Science and Technology). CRC. p. 143. ISBN 978-0-8493-3735-2.
  2. Black, Michael H.; Halmer, Peter (2006). The encyclopedia of seeds: science, technology and uses. Wallingford, UK: CABI. p. 228. ISBN 978-0-85199-723-0.