Согласно договорот, Бесарабија (источната половина од Молдавија) била припоена кон Руската Империја, реката Прут станала нова западна граница на Руската Империја. Исто така Русија се здобива со право на трговија низ реката Дунав.
Договорот бил потпишан од рускиот командант Михаил Кутузов, ратификуван од страна на Александар I само еден ден пред Наполеон да изврши инвазија над Русија.