Чан Чан (Chan Chan) е археолошко наоѓалиште во Перу кое се наоѓа во регионот Ла Либертад на околу 5 километри западно од Трухиљо. Чан Чан зафаќа површина од околу 20 км2 и имал доста густо населен урбан центар со околу 6 км2.[1] Градот бил изграден од Кралството Чимор од народот Чиму во околу 850 година и функционирал сè до освојувањето на кралството од страна на Тавантинсују во 1470 година. Чан Чан бил главен град на Чимор додека кралството опстојувало и се проценува дека имал околу 30.000 жители.
Во 1986 година Чан Чан бил ставен на списокот на светско културно наследство на УНЕСКО. Градот подлежал на торнада од Ел Нињо, при што имало силно дождови и поплави во регионот. Чан Чан се наоѓа во плоден регион богат со вода.[2] Покрај поплавите, рушевините претрпеле оштетувања и од земјотреси.