Чавин де Уантар

Координати: 9°35′34″S 77°10′42″W / 9.59278° ЈГШ; 77.17833° ЗГД / -9.59278; -77.17833
Од Википедија — слободната енциклопедија
Чавин де Уантар
Chavín de Huántar
Поглед на Чавин де Уантар
МестоАнкаш, Перу
Координати9°35′34″S 77°10′42″W / 9.59278° ЈГШ; 77.17833° ЗГД / -9.59278; -77.17833
Висина3180 м
Историја
ИзграденoПред 1200 г. пр. н. е.
КултуриЧавинска култура
Белешки за наоѓалиштето
Светско наследство на УНЕСКО
Службен називЧавин (Археолошко наоѓалиште)
Критериумкултурно: (iii)
Навод330
Запис1985 (IX заседание)
Површина14,79 хектари

Чавин де Уантар (шпански: Chavín de Huántar) — археолошко наоѓалиште што се наоѓа во северниот планински дел на Перу, во областа Анкас, 250 километри северно од денешна Лима, источно од Кордилера Бланка, на почетокот на Долината Кончукос на надморска височина од 3180 м. Првите населби од чавинската култура, по кои наоѓалиштето го добило името, се појавиле околу 1200 г. пр. н. е. и траела до 500400 г. пр. н. е. кога ги наследиле другите култури. Многу рано било препознаено како еден од најважните церемонијални и поклоненички места во тоа време. Чавин станал дел од Светското наследство на УНЕСКО во 1985 година.[1] Некои од пронајдените артефакти може да се видат во Националниот музеј на Лима и Националниот музеј на Чавин, кој се наоѓа на самото наоѓалиште.[2] [3]

Историја на археолошките истражувања[уреди | уреди извор]

Хулио Тељо, таткото на перуанската археологија, посветил голем дел од својата кариера на обидот да утврди дека Чавин е причината зошто сите култури на Андите се шират низ Перуанската Висорамнина и брегот далеку после регионите на Аргентина, Боливија и Еквадор. Чавин де Уантар се смета за важен ран центар во Средните Анди, а неговото истражување се смета за клуч за објаснување на културните промени што можат да се видат вон самото наоѓалиште. Мотивите користени за украсување на местото служеле како симбол на перуанскиот национален идентитет. Првите научни проучувања ги започнал Тељо во 1919 година како дел од Археолошката експедиција на одделението Анкаш на универзитетот Сан Марко. Тељо се вратил двапати на дополнителни ископувања во 1934 и 1940 година. Тељо ископал поголем дел од монументалната архитектура на наоѓалиштето, но на 17 јануари 1945 година било затрупано од големо свлечиште.[2] Во 1939 година американскиот археолог Вендел Бенет ги потврдил заклучоците на Тељо и го насочил меѓународното внимание на наоѓалиштето и неговата камена скулптура. Во следните децении, ученикот на Тељо, Марино Гонзалес, продолжил со ископувањата. По речиси еден век истражување, ова наоѓалиште е едно од најдобро документираните археолошки наоѓалишта во Перу.

Изглед на наоѓалиштето[уреди | уреди извор]

Чавин де Уантар бил главно верско средиште на чавинската култура, местото има голем храм во облик на пирамида со рамен врв кој бил опкружен со пониски платформи, плоштад во облик на латинската буква У со потопено двориште во средиштето. Внатрешноста на ѕидовите на храмовите била украсена со скулптури и резби. Чавин де Уантар бил изграден во неколку фази, а првата фаза била завршена околу 1200 г. пр. н. е., а поголемиот дел бил завршен до 750 г. пр. н. е. Местото се користело како верско и обредно средиште до 500 г. пр. н. е., а потоа престанува примарната верска функција и местото го заземаат жители со подалечна културна традиција Хуарез. Местото содржи голем број големи структури, вклучувајќи ги храмовите А, Б, Ц, Д и областите и зградите означени како Голем плоштад, Кружен плоштад и Стар и Нов храм.[2]

Кружен плоштад[уреди | уреди извор]

Кружен плоштад

Кружниот плоштад бил свето и ритуално важно место во обредниот центар. Пред 800 г. пр. н. е. ова место имало повеќе функции, вклучително и атриум за влез во храмот А преку северните скали на храмот. На три страни се храмовите А, Б и В. Плоштадот е совршено кружен и со пречник од речиси 20 метри. Подот бил од жолта дијатомејска земја.[2]

Стар храм[уреди | уреди извор]

Стариот храм бил изграден во раната историја на местото, свртен кон средината на локалитетот. Се состоел главно од премини изградени околу кружен двор. Храмот содржел обелисци и камени споменици со резби на кои се прикажани јагуари и други животни во антропоморфен облик. Во средината се наоѓала галерија каде што била пронајдена скулптурата Ланзон, за која се верува дека е врховното божество на Чавин де Уантар. Фигурата е антропоморфна, со глава на мачка и тело на маж.[2]

Нов храм[уреди | уреди извор]

Новиот храм бил изграден помеѓу 500 и 200. г. пр. н. е. Бил изграден по Стариот храм и плоштадот, а содржи многу релјефни скулптури. Присутно е и божеството Ланзон, кое во десната рака држи школка стромбус, а во левата школка спондилус. Со текот на годините, местото се развивало и постојано се обновувало малку по малку до околу 50 г. пр. н. е. кога бил завршен Новиот храм. Се чини дека главната цел на обновувањето било да се овозможи повеќе луѓе да се соберат на едно место, бидејќи се проширувало целата локација.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

УНЕСКО[уреди | уреди извор]

Чавин де Уантар бил ставен под заштита на УНЕСКО во 1985 година заради исклучителната важност на архитектонските, технолошките и симболичките достигнувања на раните претколумбиски општества од Перуанските Анди. Археолошкото наоѓалиште Чавин де Уантар го претставува епонимен локалитет на чавинската култура. Целосноста и визуелниот интегритет на Чавин де Уантар и неговиот крајолик не се многу променети, како што се гледа во продолжувањето на традиционалните земјоделски активности во околните области. Неколку пати во својата историја наоѓалиштетот било погодено од природни непогоди, од кои најголема штета предизвикале свлечиштата и поплавите во 1945 година и силните земјотреси во 1970 година.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Чавин де Хуентар као светска баштина“. УНЕСКО. Посетено на 10. 4. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Silverman, Helaine (2008). Handbook of South American Archeology. стр. 681–706.
  3. „Истражување на Чавина де Уантар“. Универзитет Станфорд. Посетено на 10. 4. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. „УНЕСКО“. UNESCO. Посетено на 13. 4. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Литература[уреди | уреди извор]

  • Silverman, Helaine (2008). Handbook of South American Archeology. стр. 681–706.CS1-одржување: ref=harv (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]