Серо Патапо (шпански: Cerro Pátapo) или Северновариски рушевини — археолошко наоѓалиште во Перу во близина на градот Чиклајо. Рушевините се од Вариската култура. Откритието на овие рушевини било објавено на 16 декември2008 година од археологот Сезар Соријано. Ова наоѓалиште е прв доказ за постоењето на Вариската култура во северно Перу и исто така се покажало дека местото имало големо значење.[1] Серо Патапо се наоѓа на околу 14 километри од Чиклајо и заземаат површина од 4.8км2.[2]
Вариската култура доминирала од 7 до 12 век во јужно Перу. Културата е позната по големата мрежа на патишта и заземата територија приближно колку таа на Тавантинсују.[1][3] Според сложената, уникатната и монументална архитектура, се утврдило дека имале развиена империја.[4]