Кумпи Мају

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кумпи Мају
Kumpi Mayu
ОбластКахамарка

Кумбе Мајо или Кумпи Мајуархеолошко наоѓалиште во Перу, кој се наоѓа 12 километри југозападно од градот Кахамарка на оолу 3.300 метри надморска височина. Ова археолошко наоѓалиште е познато по остатоците на аквадуктите кои биле градени во периодот пред Инките и кои се протегале на околу 5 милји. Аквадуктите собирале свежа вода и ја пренесувале до крајната цел. Денес се верува дека аквадуктите биле изградени околу 1500 г.п.н.е. Името на наоѓалиштето потекнува од кечуанскиот јазик што во превод значи „добро направен воден канал“. На самите аквадукти има изрезбани петроглифи.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]