Чимор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кралство Чимор
Чимор

900–1470
Главен град Чан Чан
Јазици кигнам, мочик
Уредување н/п
Крал на Чимор
 -  900?-960? Такајнамо
 -  960?-1020? Гвакрикаур
 -  1020?-1080? Њанкемпинко
 -  1440?-1470 Минчанкаман
Историја
 -  Основана 900
 -  Освојувањето на Инките 1470

Чимор или Кралство Чимор била политичката заедница на културата Чиму. Кралството владеело со северниот брег на Перу од околу 850 до 1470 година. Чимор било најголемо кралство во доцниот среден период и зафаќало 1,000 km брег. Денес, најголем археолошки локалитет е стариот град Чан Чан.

Карактеристики[уреди]

Чиму прераснале како посебна цивилизација од културата Моче. Првите долини на кралството доброволно се приклучиле кон државата, а Сиканската култура била освоена преку војна. Чуми имале видно влијание и од Кахамарка и Вари. Според легендатата, Чам Чам бил основан од Тајканамо кој дошол во регионот преку море.

Чимор било последното кралство кое дало отпор на Тавантинсују. Тупак Инка Јупанки започнал поход за освнојување на Чимор во 1470-те и го поразил лидерот Минчанкаман. Чимор целосно бил под владеење на Инките со доаѓање на престолот на Хуајна Капак.

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]