Земјоделство на Инките

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Цивилизација на Инките
Знаме на Инките.
Општество
кечуански јазик
Сапа Инка
образование
религија
митологија
архитектура
патен систем
армија
земјоделство
кујна
Историја
Кралство Куско
Тавантинсују
шпанска колонизација


Земјоделството на Инките била една од најважните гранки во општеството од кое зависело населението. Плодноста на почвата во Империјата вила голема, со голема влажност и добра обработка. Со адаптирањето на претходно стекнатите техники во новите земјоделски средини им овозможувало голем профит и со тоа производство во нови земјоделски средини. Овие земјоделски достигнувања не би биле достигнати без работна сила. Овие технологии биле многу успешни, па дури и денес некои од нив се користат[1][2].

Алатки[уреди]

Работа со чакитакла, илустрација од 1616.

Инките немале припитомени домашни животни кои би биле погодни за обработка на земјата, па така тие се осврнувале на алатките. Овие алатки и работната снага на луѓето биле добро прилагодени на ридските предели на Андите и на ограничените обработливи платформи. Меѓу позначајните алатки биле:

  • Чакитакла, рало (плуг) наменето за човек. Ралото е изработено од дрво со свиткан остар врв, изработено од камен или метал и има попречено дрво за ставање на ногата.[3] Оваа алатка сè уште се користи на Андите.[4]
  • Раукана, мотика со тенко парче чачакомо дрво. Мотиката не била поголема од 40 см и се користела за вадење кртула и коров.
  • Чира

Полјоделството во Империјата било проследено со ритуали, песни и жртвувања. Тимови од седум или осум мажи, придружени со ист број жени, би работале во линии за да ги подготват полињата. Мажите користеле рачни рала (плугови) за копање на земјата. По мажите следеле жените кои саделе семиња. Оваа работа била често проследена со песни и славење. Според едни записи, шпанските свештеници ги прилагодиле песните за црковни потреби бидејќи многу им се допаднале.[5]


Наѓубрување[уреди]

Инките користеле неколку видови ѓубрива за наѓубрување на обработливите површини. Во крајбрежниот регион, мали риби, како што се сардините, биле закопувани со пченка така што се забрзувал растот на растението. Овој процес бил забележан на ѕидовите на храмот Пачакамак, каде биле прикажани мали пченки кои растат од риба. Покрај рибите, во крајбрежниот регион се користело и гуано, кое всушност е отпадокот создаден од големиот број крајбрежни птици. Во остатокот од империјата, луѓето користеле природно ѓубриво добиено од домашните животни и паднати листови од дрвата.

Обработлива земја[уреди]

Тераси изработени од Инките.
Насип во Вару Вару.
Тераси за одгелување растенија.

Обработливата земја во Империјата била поделена на три дела: еден дел бил за аристократијата, друг дел бил за верските лидери и свештеници и последниот дел бил за самите фармери, кои пак ги обработувале сите три дела, но само еден бил за нив. Главни растенија кои биле сеани се: киноа, компир и пченка.[6]

Фармерите морале да се справуваат со тешките предели на Андите, па така, обработливата земја се наоѓала во тесните долини меѓу планините. Додатно на нив, имало и обработливо земјиште на висорамнините, но поради високата надморска височина и студеното време, земјиштето не било многу погодно. За потребите на земјоделството, Инките користеле неколку андски техники за одгледување растенија. Некои од техники биле:

  • терасите или андени биле вештачко изработени тераси на падините на планините кои се користеле за садење на растенија. Терасите исто така биле погодни и за наводнување така што биле користени природните извори на вода, како што се дождовите на пример. Водата одела циркуларно со помош на канали кои ги поврзувале терасите, а при тоа се избегнувала ерозија на земјата. Терасите биле користени за садење на сите растителни култури кои биле достапни во тоа време. Иако за градење на терасите биле потребни голем број работници, Инките нив ги правеле со леснотија.
  • насипите или камелони биле вештачко изработени насипи на бреговите на езерото Титикака. Во насипите можело да се чува вода, особено во предели каде имало чести поплави. Инките граделе вештачки канали со кои се намалувала можноста за поплави, така што се отцедувале самите насипи. Покрај тоа, каналите биле користени и за наводнување.
  • вештачките лагуни или кочаси биле градени во екорегионите наречени пуни. Тие биле користени за чување на вода и за напојување на добитокот. Овие лагуни можеле да бидат округли или правоаголни и биле составени од голем број симетриски канали кои ја собирале водата од дождовите.

Земјоделски производи[уреди]

Земјоделството и добитокот биле главни стопански гранки во Тавантинсују. Населението кое живеело на Андите припитомиле и одгледувале различни видови производи под различни видови природни услови, а при приспособувајќи се совршено за своите потреби. Главните земјоделски производи кои биле одгледувани биле компирот, пченката, грав итн. Компирот имал неколку видови и можел да се приговува на различни начини. Пченката била одгледувана за аристократијата, војската и за религиските водачи. Денес се проценува дека Инките одгледувале над 70 видови растенија.

Наводнување[уреди]

Знаењето за водни канали, било од голема корист за наводнување на културите, особени на пченката. Перуанскиот брег е познат по големите пустински предели во кои течат реки со извор во Андите. Реките помогнале за развивање на земјоделството во Империјата. Земјоделците од крајбрежјето биле речиси најсовршени од целата Империја бидејќи имале најсовремени методи за наводнување, особено тоа е карактеристично за културите Моче и Чиму. Во Куско, двете реки преку канали биле пренасочени да течат низ градот и така биле изградени мостови. Како добар пример за тоа како се користела водата во планинските предели се каналите во Кахамарка. Водата и каналите имало огромно значење за народот и тие се присутни и во митологијата.

Наводи[уреди]

  1. (шпански) http://www.eclac.cl/publicaciones/xml/1/5541/lcl1413_Cap8-10.pdf
  2. (шпански) http://www.cusichaca.org/PDF/2.%20%20Presentacion%20de%20la%20Institucion%20CUSICHACA.pdf
  3. Inkan Agriculture
  4. http://www.trophort.com/001/718/001718076.html
  5. The Incas. by Terrence N. D'Altroy. Blackwell Publishers Inc. 2002. pages 198, 199. ISBN 0-631-17677-2.
  6. Earle, Timothy K.; Johnson, Allen W. (1987). „The evolution of human societies: from foraging group to agrarian state“. Stanford, Calif: Stanford University Press. ISBN 0-8047-1339-1. 

Библиографија[уреди]

  • (шпански) Rostworowski, María: Enciclopedia Temática: Incas. ISBN 9972-752-00-3.
  • (шпански) Editorial Sol 90: Historia Universal: América precolombina ISBN 9972-891-79-8.
  • (шпански) Muxica Editores: Culturas Prehispánicas ISBN 9972-617-10-6.
  • Rivero Luque: The use of the chakitaqlla in the Andes, 1987.

Поврзано[уреди]

Портал „Инки