Хилдбургхаузен
Хилдбургхаузен
Hildburghausen | |
![]() | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Хилдбургхаузен |
Градски единици | 10 |
Градоначалник | Тило Кумер (Левица) |
Основни податоци | |
Површина | 72,89 км2 |
Надм. височина | 380 м |
Население | 11.689 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 160 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HBN |
Пошт. бр. | 98641–98646 |
Повик. бр. | 03685 |
Портал | www.hildburghausen.de |
Местоположба на градот Хилдбургхаузен во рамките на округот Хилдбургхаузен | |
![]() | |
Координати | 50°25′0″N 10°45′0″E / 50.41667°N 10.75000°E |
Хилдбургхаузен (германски: Hildburghausen) — град во средишна Германија, кој се наоѓа во јужниот дел на сојузната покраина Тирингија. Градот претставува административно седиште на округот истоимениот округ. Се наоѓа а реката Вера, 20 километри јужно од Зул и 25 километри северозападно од Кобург.
Хилдбургхаузен бил главен град на Саксо-Хилдбургхаузен до неговото распуштање во 1826 година, по што припаднал на Саксо-Мајнинген. Градот станал дел од новата покраина Тирингија во 1920 година.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Хилдбургхаузен се наоѓа во долина на реката Вера на надморска височина од 381 метар, помеѓу Тириншката Шума на север и Грабфелд на југ.
Градски единици
[уреди | уреди извор]Самиот град Хилдбургхаузен се состои од Алтштат („Стар град“) и помалиот Нојштат („Нов град“), основан во 1710 година од страна на Хугенотите.
Покрај самиот град, во градското подрачје влегуваат и следниве единици:
- Биркенфелд
- Бирден
- Ебенхардс
- Герхартсгеројт
- Хезелрит
- Лајмрит
- Пферсдорф
- Валрабс
- Вајтерсрода
Соседни општини
[уреди | уреди извор]Општини со кои се граничи градот се Ауенгрунд, Брин, градот Ремхилд, Клостер Фесра, Ројрит, градот Шлојзинген, Штрауфхајн и Фајлсдорф.
Историја
[уреди | уреди извор]Населбата Хилтебургехузин (Hilteburgehusin) првпат била спомената во декрет од 1234 година, кога хенебершките грофови ја продале на принц-бискупите од Вирцбург. Повторно била купена во 1316 година, а градот добил градски права во 1324 година и истата година биле подигнати бедемите околу него. Во 1353 година, имотот на Хилдбургхаузен бил наследен од ветинскиот ландгроф Фридрих III, а по Лајпцишкиот договор од 1485 година станал дел од Ернестинските војводства.
Во 1528 година, граѓаните на Хилдбургхаузен станал протестантски. Градот потпаднал под новосоздаденото Војводство Саксо-Кобург во 1572 година и таму останал до исчезнувањето на линијата во 1638 година, кога преминал на Војводството Саксо-Алтенбург. Во 1680 година, станал резиденција на ернестинските војводи на Саксо-Хилдбургхаузен до неговото распуштање во 1826 година, откако преминал во Војводството Саксо-Мајнинген. Градот станал дел од новата држава Тирингија во 1920 година.
Политика
[уреди | уреди извор]Градски совет
[уреди | уреди извор]Советот на градот Хилдбургхаузен се состои од 24 избрани членови и градоначалник. На локалните избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:[2]
Партија | Места |
---|---|
Левица | 6 (±0) |
AfD | 5 (+5) |
CDU | 5 (−4) |
Пожарна | 4 (+1) |
SPD | 3 (+1) |
BZH | 1 (±0) |
Слободни гласачи | 0 (−3) |
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Хилдбургхаузен е збратимен со следниве градови:
Дополнително, градот има договори за пријателство со чешкиот град Пелхримов и со германскиот град Швабах.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Градскиот музеј
-
Градскиот театар
-
Градската црква
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)
- ↑ Gemeinderatswahl 2019 in Hildburghausen In: wahlen.thueringen.de,
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]![]() |
„Хилдбургхаузен“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)
|