Ајсфелд

Координати: 50°25′0″N 10°55′0″E / 50.41667° СГШ; 10.91667° ИГД / 50.41667; 10.91667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ајсфелд

Eisfeld

Поглед на Ајсфелд
Поглед на Ајсфелд
Поглед на Ајсфелд
Грб на Ајсфелд
Ајсфелд во рамките на Германија
Ајсфелд
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Хилдбургхаузен
Градски единици 7
Градоначалник Свен Грегор (СГ)
Основни податоци
Површина 86,53 км2
Надм. височина 440 м
Население 7.575 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 88 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HBN
Пошт. бр. 98673
Повик. бр. 03686
Портал www.stadt-eisfeld.de
Местоположба на градот Ајсфелд во рамките на округот Хилдбургхаузен
Карта
Карта
Координати 50°25′0″N 10°55′0″E / 50.41667° СГШ; 10.91667° ИГД / 50.41667; 10.91667

Ајсфелд (германски: Eisfeld) — мал град во округот Хилдбургхаузен, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа на реката Вера, 12 километри источно од окружниот град Хилдбургхаузен и 19 километри северно од градот Кобург.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа во округот Хилдбургхаузен, само неколку километри од границата со Баварија, на крајниот југ од Тириншката Шума. Тој се наоѓа на надморска височина од 430 до 530 метри, во горниот тек на реката Вера.

Местото Вафенрод/Хинтерод се наоѓа на 700 метри, близу планината Грендел.

Градски единици[уреди | уреди извор]

Градското подрачје е поделено на седум единици:[2]

  • Ајсфелд
  • Бокштат-Хербартсвинд
  • Харас
  • Хајд
  • Хиршендорф
  • Заксенбрун
  • Вафенрод-Хинтерод

Политика[уреди | уреди извор]

Градски совет[уреди | уреди извор]

Советот на градот Ајсфелд се состои од 20 избрани членови и градоначалник. На локалните избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:

Партија/Листа Места +/–
EFW 8 − 3
FWGS 3 + 3
Левица 3 − 1
CDU 3 ± 0
SPD 2 ± 0
BZH 1 + 1

На локалните избори првпат се појавила партијата од крајната десница „Сојуз-Иднина-Хилдбургхаузен“ (BZH) и влегла во Градскиот совет.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Ајсфелд е збратимен со следниве градови:

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2021. (германски)
  2. Hauptsatzung der Stadt Eisfeld vom 25. Februar 2014, Eisfelder Amtsblatt, Nr. 3/2014, S. 3

Надворешни врски[уреди | уреди извор]