Умерштат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Умерштат

Ummerstadt

Градското собрание на Умерштат
Градското собрание на Умерштат
Грб на Умерштат
Умерштат is located in Германија
Умерштат
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Хилдбургхаузен
Општ. заед. Хелдбургер Унтерланд
Градоначалник Кристине Бардин (независна)
Основни податоци
Површина 15,73 км2
Надм. височина 281 м
Население 461 (31 декември 2018)[1]
 - Густина 29 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HBN
Пошт. бр. 98663
Повик. бр. 036871
Портал www.ummerstadt.de
Местоположба на градот Умерштат во рамките на округот Хилдбургхаузен
Карта
Координати 50°15′30″N 10°49′40″E / 50.25833° N; 10.82778° E / 50.25833; 10.82778Координати: 50°15′30″N 10°49′40″E / 50.25833° N; 10.82778° E / 50.25833; 10.82778

Умерштат (германски: Ummerstadt) — мал град во округот Хилдбургхаузен, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа 19 километри јужно од окружниот град Хилдбургхаузен и 11 километри западно од градот Кобург.

Со само 461 жител (31 декември 2018 г.) претставува најмал град во целата покраина Тирингија, најмал во областа Франконија и втор најмал во цела Германија.

Географија[уреди | уреди извор]

Умерштат се наоѓа во областа Хелдбургер Ланд, во крајниот југ на сојузната покраина Тирингија. Голем дел од границата на градот е самата покраинска гранична линија со Баварија. Соседен град во Тирингија е Хелдбург, додека соседни градови во Баварија се Бад Родах, Зеслах и Кобург.

Низ подрачјето на градот поминува рекичката Родах, која се влива во реката Иц.

Политика[уреди | уреди извор]

Градски совет[уреди | уреди извор]

Градскиот совет во Умерштат се состои од 6 членови. На локалните избори на 25 мај 2014 година биле избрани членови од независните листи.[2]

Градоначалник[уреди | уреди извор]

Кристине Бардин е градоначалничка од 2004 година.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. 31 December 2018. (германски)
  2. Gemeinderatswahl 2014 in Thüringen - endgültiges Ergebnis Ummerstadt
  3. http://www.wahlen.thueringen.de/datenbank/wahl1/wahl.asp?wahlart=BM&wJahr=0000&zeigeErg=GEM&auswertung=1&wknr=069&gemnr=69052&terrKrs=&gemteil=000&buchstabe=&Langname=&wahlvorschlag=&sort=&druck=&XLS=&anzahlH=-6&Nicht_existierende=&x_vollbildDatenteil=&optik=&aktual=&ShowLand=&ShowWK=&ShowPart=&w_datum=05.06.2016

Надворешни врски[уреди | уреди извор]