Прејди на содржината

Шлојзегрунд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шлојзегрунд
Црква во Шенбрун
Црква во Шенбрун
Црква во Шенбрун
Грб на Шлојзегрунд
Шлојзегрунд во рамките на Германија
Шлојзегрунд
Управа
Земја Германија
ПокраинаТирингија
ОкругХилдбургхаузен
Месни единици5
ГрадоначалникХајко Шилинг (независен)
Основни податоци
Површина58,99 км2
Надм. височина445 м
Население 2.619 (31 декември 2022)[1]
 - Густина44 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.HBN
Пошт. бр.98667
Повик. бр.036874
Порталwww.schleusegrund.de
Местоположба на Шлојзегрунд во рамките на округот Хилдбургхаузен
Карта
Карта
Координати50°31′24″N 10°52′0″E / 50.52333°N 10.86667°E / 50.52333; 10.86667

Шлојзегрунд (германски: Schleusegrund) — општина во округот Хилдбургхаузен, во сојузната покраина Тирингија, Германија.

Географија

[уреди | уреди извор]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Средишно село на општината е Шенбрун, кое настанало со спојување на селата Шенау, Габел, Унтернојбрун и Обернојбрун во 1950 година и се протега околу 3,5 километри во долините на Шлојзе и Нојбрун. Над овие села се наоѓа вештачкото езеро „Шенбрун“. Исто така, недалеку од овие села поминува патеката Ренштајг.

Западно од Шенбрун, во странична долина на Шлојзе се наоѓаат местата Штајнбах и Лангенбах. Југозападно од Шенбрун се наоѓа долината на Бибер, во која се наоѓаат селата Лихтенау, Енгенштајн, Биберау, Бибершлаг и Телерхамер.

Североисточната граница на општината е и окружна граница со Илм.

Соседни општини

[уреди | уреди извор]

Соседни општини се Фрауенвалд, Нојштат на Ренштајг и Гросбрајтенбах, Масерберг и градот Шлојзинген.

Општински единици

[уреди | уреди извор]

Општината Шлојзегрунд е составена од следниве единици:

  • Биберау (со Лихтенау, Енгенштајн, Бибершлаг и Телерхамер)
  • Гисибел
  • Лангенбах
  • Шенбрун (со Шенау, Унтернојбрун, Обернојбрун, Габел и Ернсттал)
  • Штајнбах
  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]