Филимон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Филимон
Мачеништвото на Апостол Филимон и неговата сопруга Апфија
апостол (православие)
маченик (католицизам)
Починал(а) 68, Колоси, Фригија
(денешен Хоназ, Турција)
Почитуван(а) во православие
католицизам
лутеранство
Слава 19 февруари и 22 ноември (православие)
22 ноември (католицизам)
15 февруари (лутеранство)

Филимон (коински грчки: Φιλήμων) — ранохристијански деец од Мала Азија и еден од Седумдесетте апостоли. Познат е по неговата соработка со Апостол Павле, изложена во Посланието до Филимон од Новиот завет. Се чествува како светец во неколку цркви заедно со неговата сопруга Апфија. Филимон бил богат христијанин и свештеник (веројатно и епископ)[1] на куќна црква која се состанувала во неговиот дом.[2]

Минејот за 22 ноември вели дека Филимон бил апостол кој заедно со Апфија, Архип и Онисим умреле маченичка смрт Колоси во првиот општ прогон на Нерон.[3] Во списокот на Седумдесетте апостоли припишан на Доротеј Тирски, Филимон се опишува како епископ на Газа.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Апостолски устав, VI, 46
  2. Филимон 1,1-2 — Стандардна македонска библија со девтероканонски книги
  3. Митрополит Петар Преспанско-пелагониски, уред. (2015). Минеј : (месечник) : ноември. Битола: Митрополија Преспанско-пелагониска.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]