Јосија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јосија
Јосија
Цар на Јудеја
На престол640 — 609 пр. н. е.
ПретходникАмон
Роден(а)ок. 648 пр. н. е.
веројатно Ерусалим
Починал(а)Мегидо, 609 пр. н. е. (возр. 38–39)
Ерусалим
ДинастијаДом на Давид
ТаткоАмон

Јосија (хебрејски: יֹאשִׁיָּהוּ), во некои преводи Јошија — 16-ти јудејски цар. На престолот се качил на осум години по убиството на неговиот татко Амон. Царувал 31 година (639/640 — 608/609 пр. н. е.); неговото владеење претставува една од светлите страници на библиската историја. Бил син на Амон.[1] За време на Еремија и Софонија, Јосија, религиозен реформатор, го истакнал еднобоштвото и општествената правда како што правеле пророците. Следејќи го примерот на цар Давид, Јосија енергично го истребил идолопоклонството меѓу еврејскиот народ, го прочистил Храмот и ги промовирал религиозните и моралните вредности во земјата. Неговото владеење доживеало повторно откривање на „Книгата на Господовиот закон“ во Храмот, најверојатно Второзаконието, што го навело Јосија да го обнови заветот на народот со Бог откако се консултирал со пророчицата Олда (друга варијанта: Хулда). Тој го искоренил идолопоклонството во Ветил, ги обновил празнувањата на Пасхата и трагично умрел во битка против војската на фараонот Нехо II во Мегидо.[2][3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Josiah“. Jewish Virtual Library. Посетено на 18. 1. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)(англиски)
  2. Лопухин А. П. (1890–1907). „Иосия“. Енциклопедиски речник „Брокхаус и Ефрон“ : во 86 тома (82 тома и 4 доп.). Санкт Петербург.
  3. „Josiah king of Judah“. Britannica. Посетено на 18. 1. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)(англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]