Архип
Свети Архип | |
---|---|
Martyr | |
Починал(а) | 1 век |
Слава | 20 март (Римокатоличка црква) 19 февруари (Православна црква) |
Свети Архип е христијански светец од 1 век.
Свети Архип бил еден од седумдесетте апостоли. Апостол Павле го споменува во посланието до Колосјаните и до Филимона, нарекувајќи го свој другар во војувањето. Во градот Колосај средиштето на христијанството бил во куќата на Филимон. Тука се собирале христијаните на молитва. Тоа св. ап. Павле го нарекува, пишувајќи му на Филимона, негова домашна црква.
Според христијанското верување, во времето на некој празник на богиња Артемида, сите верни во Колосај биле, по обичај, собрани во домот на Филимон на молитва. Незнабожците, дознавајќи за овој собир, се втурнале и ги пофаќале сите христијани, а Филимон, Архип и Апфија, како водачи, најпрвин ги тепале, а потоа ги закопале до појас во земјата и почнале со камења да ги удираат. Така ги убиле светите Филимон и Апфија, а св. Архип го извадиле од дупката одвај жив и го оставиле на децата со него да се забавуваат. Децата, пак, го избодиле целиот со ножеви. И така, овој другар на Павле во војувањето, го завршил животниот тек на својот земен пат[1].
Православната црква неговиот ден го чествува на 19 февруари.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Охридски пролог“ стр. 70