Фаустино Асприлја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фаустино Асприлја
Лични податоци
Роден на 10 ноември 1969(1969-11-10)(54 г.)
Роден во Тулуа, Колумбија
Држава Колумбија Колумбија
Висина &100000000000001760000001,76 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Повлекување 15 март 2005
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1988-1989 Кукута Депортиво Кукута Депортиво 36 (17)
1989-1992 Атлетико Насионал Атлетико Насионал 78 (35)
1992-1996 Парма Парма 84 (25)
1996-1998 Њукасл Јунајтед Њукасл Јунајтед 48 (9)
1998-1999 Парма Парма 22 (1)
1999-2000 Палмеирас Палмеирас 54 (12)
2000-2001 Флуминенсе Флуминенсе 12 (8)
2001-2002 Атланте Атланте 12 (3)
2002-2003 Атлетико Насионал Атлетико Насионал 11 (3)
2003 Универсидад де Чиле Унив. де Чиле 13 (5)
2003-2004 Естудијантес Естудијантес Л.П. 2 (0)
Репрезентација
1993-2001 Колумбија Колумбија 57 (20)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Фаустино Ернан Асприлја Инестроса наречен „Тино“ (шпански: Faustino Hernán "Tino" Asprilla Hinestroza р. 10 ноември 1969 во Тулуа) — поранешен колумбиски фудбалер, напаѓач, активен во периодот 1988-2004.

Кариера[уреди | уреди извор]

Клубови[уреди | уреди извор]

Почетоците во Колумбија[уреди | уреди извор]

Тој ги направил својте први фудбалски чекори во Школата Карлос Сармиенто Лора[1], од каде се преселил во Депортиво Кукута, каде што тој го направил своето деби за првиот тим во 1988 година. Во својата прва сезона имал резултат од 17 постигнати гола во 36 натпревари, кои му донеле повик во клубот кој доминирал во тоа време на колумбиската фудбалска сцена, Атлетико Насионал. Асприлја настапувал за Атлетико до 1992 година, напуштајќи го по 75 одиграни натпревари и 35 постигнати гола за да се пресели во Европа.

Парма[уреди | уреди извор]

Напаѓачот од Јужна Америка во 1992 година бил купен од италијанската Парма за неколку милијарди лири. По краток период на аклиматизација и некоја првична недоверба од страна на тренерот Скала, Асприлја се издвојува како втор напаѓач во почетната постава на тимот заедно со Алесандро Мели. Својата прва сезона во Италија ја затворил со 27 настапи и 7 голови во лигата. Посебно важен погодок бил оној кој го постигнал против Милан на Сан Сиро на 21 март 1993, со прекрасно изведен слободен удар од 27 јарди, носејќи и победа на Парма со 1-0, со што ја прекинал серијата на росонерите од 58 натпревари без пораз.[2] Играјќи за Парма, Асприлја уживал веројатно во неговиот најголем клупски успех. Асприлја бил дел од тимот, кој го освоил првиот клупски меѓународен турнир, на Купот на победниците на куповите, постигнувајќи четири гола во осум натпревари. Тој постигнал два гола во Шпанија, каде што италијанскиот тим победил со 2-1 против Атлетико Мадрид во полуфиналето. Сепак, поради повреда тој останал неискористена замена во финалето кога Парма го порази белгискиот клуб Ројал Антверпен со 3-1.[2]

Во почетокот на 1994 година, Асприлја настапил за Парма во натпреварот против Милан на Сан Сиро во кој млекарите победиле со 0-2, со што го анулирале дефицитот од 0-1 во првиот натпревар за да го освојат Европскиот суперкуп.

Исто така во сезоната 1993-94, Парма стигнала до второ финале во Купот на победниците на куповите. Сепак, овојпат таму биле поразени од Арсенал со 1-0, што значеше дека нема да можат да го одбранат трофејот освоен една година претходно.

Во сезоната 1994-95, Парма повторно стигнала до финалето на големите европски натпреварување, каде тие се соочиле со италијанските сонародници Јувентус во финалето на Купот на УЕФА. Асприлја имал важен придонес за клубот на патот до финалето, со три гола во текот на полуфиналниот двомеч против германскиот Баер Леверкузен.[3] Во двата финални натпревари, Асприлја бил во почетниот состав кога Парма го совладала Јувентус со вкупен резултат 2-1.

На почетокот на сезоната 1995-96, Асприлја испаднал од почетната постава. Во февруари 1996 година, откако направил само 6 настапи во првите 5 месеци од сезоната,[4] го напуштил клубот и му се приклучил на англискиот водач Њукасл Јунајтед за 6,7 милиони £.

За време на неговиот прв престој во Парма, Асприлја постигнал 25 гола во 84 настапи во Серија А.[4] Тој се смета за еден од најголемите играчи во златниот период на Парма во 1990-тите години.[5] Во неговите три целосни сезони со клубот, Парма завршила на 3-тото, 5-тото и уште едно 3-то место во Серија А. Клубот исто така, стигнал до финалето на европските турнири во секоја од овие сезони.

Њукасл Јунајтед[уреди | уреди извор]

Откако го комплетирал својот трансфер во Њукасл Јунајтед во Премиер лигата, Асприлја го имал своето деби во англискиот фудбал на 10 февруари 1996 во Tyne–Tees дербито на Риверсајд против Мидлзборо. Тој влегол во игра во 67-мата минута како замена на местото на Кит Гилеспи при негатива на Њукасл од 1-0 и само седум минути подоцна му асистирал на Стив Вотсон за израмнувачкиот погодок.[6] Подоцна Лес Фердинанд го постигнал победничкиот гол за чавките со што го комплетирал пресвртот.[6] Неговиот прв гол за новиот клуб дошол две кола подоцна во ремито 3-3 со Манчестер Сити. За жал неговата прва сезона во клубот од северот ќе биде разорена од непостојаноста и инцидентите надвор од теренот поради кој токму Асприлја бил обвинет како една од причините што Њукасл ја загубил Битката за насловот во Премиер лигата (1995-96) од подоцнежните шампиони Манчестер Јунајтед.

Втората сезона на Асприлја во Њукасл завршила со освојување на второто место во Премиер лигата, уште еднаш зад шампионот Манчестер Јунајтед. Неговата улога била во голема мера намалена откако го загубил првотимскиот статус и најчесто влегувал како замена, иако тој ги задржал својте најдобри клупски настапи во Купот на УЕФА, каде во оваа кампања постигнал 5 гола. Неговата бурна прослава на голот што го постигнал против Мец, при што тој го соблекол дресот и се свртел кон корнер знаменцето, резултирало со добивање на жолт картон, поради што тој го пропуштил следниот натпревар од Купот на УЕФА против Монако, кој Њукасл го чинел елиминација. Во првенството постигнал 4 гола во 24 настапи од кој посебно се за памтење оние против соперниците Ливерпул (пораз 4-3) и Челзи (победа 3-1).

Сезоната 1997/98 ќе биде последна во клубот за популарниот "Тино" како што го нарекувале навивачите на Њукасл. Со продажбата на напаѓачот Лес Фердинанд во Тотенхем, и сериозната повреда на Алан Ширер за време на пред-сезонските подготовки, Асприлја се наметнал како прв избор во нападот заедно со младиот и неискусен данец, Јон Дал Томасон. Со клубот се натпреварува во Лигата на шампионите таа сезона, а најдобриот натпревар на црномурестиот колумбиец за Њукасл дошол во победата со 3-2 над Барселона во незаборавен натпревар одигран на Сент Џејмс Парк, кога тој постигнал хет-трик; првиот гол од пенал кој самиот го заработил, а вториот и третиот гол се речиси идентични со удар со глава од непосредна близина по одличните центаршутеви на Кит Гилеспи од десната страна.[7] Сепак, овие три гола постигнати рано во сезоната (уште во септември) ќе бидат последните негови голови за клубот. Во јануари 1998 година, откако Њукасл испаднал од Лигата на шампионите и бил надвор од Битката за титулата во Премиер лигата, менаџерот на тимот Кени Далглиш изјавил дека го губи трпението кон Асприлја и тој е продаден назад во Парма за 6 милиони £, откако постигнал вкупно само 9 гола во 48 првенствени настапи, но и импресивен скор од 9 гола во 11 европски натпревари.

Враќање во Парма[уреди | уреди извор]

Англиското искуство на Асприлја траеше точно две години, кога тој се вратил во Парма во јануари 1998 година.[8] Ни по враќањето во Италија нема да биде во можност да ги пружи оние игри кој ги прикажал во овој клуб во раните 90-ти и по сезона и пол (22 настапи и само 1 гол), дефинитивно ќе ја напушти Европа; во меѓувреме го освојува својот втор наслов во Купот на УЕФА (1999) и титулата во Купот на Италија (1999).

Последните години од кариерата[уреди | уреди извор]

Откако ја напуштил Европа, Асприлја одлучи да се врати во Јужна Америка, поточно се сели во Бразил, пред каде потпишал договор со Палмеирас (во 1999 година, 54 настапи и 12 гола), а потоа и со Флуминенсе (12 настапи и 8 гола), каде што тој за последен пат ја покажал својата класа.

По заминувањето од Бразил играл во Мексико Атланте, во својата родна Колумбија повторно настапувал за Атлетико Насионал, а во Чиле за Унивесидад де Чиле. Кариерата ја завршил после неколку настапи во Аргентина за екипата на Естудијантес (2004), иако еден краток период играл и во тимот од неговиот роден град, Кортулуа. Во 2002 имало најави дека Асприлја можеби ќе се врати во Англија каде требало да игра за третолигашот Дарлингтон.

Во 2004 година тој бил многу блиску до враќање на фудбалските терени во Италија, каде требало да игра за тимот од Серија Д Вале Д'Аоста каде тренер бил неговиот пријател и поранешен тимски колега од деновите во Парма Марко Осио, но договорот пропаднал поради проблеми со членството.

Официјално на 15 март 2005, го објавува своето пензионирање од фудбалот, завршувајќи ја својата кариера со 331 натпреар и 112 гола во професионалните лиги.

На 11 септември 2013, Асприлја играл на прошталниот натпревар на поранешниот голман на Њукасл, Стив Харпер, против Милан.

Хет-трик[уреди | уреди извор]

Во својата долга и успешна кариера во која освоил грст трофеи Фаустино Асприлја успеал да постигне три хет-трика. Покрај оној фамозен натпревар во дресот на Њукасл Јуајтед против Барселона во Лигата на шампионите, другите два ги постигнал за Парма од кој еден во Серија А и еден во Купот на УЕФА.

Натпревари во кој постигнал хет-трик[уреди | уреди извор]



Титули[уреди | уреди извор]

Колумбија Атлетико Насионал[уреди | уреди извор]

Италија Парма[уреди | уреди извор]

Чиле Универсидад де Чиле[уреди | уреди извор]

Бразил Палмеирас[уреди | уреди извор]

После фудбалот[уреди | уреди извор]

По завршувањето на фудбалската кариера, Фаустино Асприлја имал понуда да се приклучи на една порно компанија.[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „La Colombia licenzia Asprilla8“. Il Corriere della Sera. 1998. Посетено на 6 декември 2013.
  2. 2,0 2,1 „The Mavericks: Faustino Asprilla“. ESPN Soccernet. 8 March 2012. Архивирано од изворникот на 2012-03-12. Посетено на 2014-03-03.
  3. „Italy 2 Germany 0“. The Independent. 19 April 1995.
  4. 4,0 4,1 „Newcastle demands block Asprilla move“. The Independent. 5 February 1996.
  5. „Parma: 15 Greatest Players of the Parmalat Era“. The Blecher Report.
  6. 6,0 6,1 „Деби на Тино Асприлја за Њукасл Јунајтед“. youtube.
  7. – Њукасл ја совлада Барселона со 3–2; хет-трик на Асприлја
  8. Фабио Монти (1998). „Меркато носталгија: Асприлја во Парма6“. Il Corriere della Sera. Посетено на 31 јануари 2014.
  9. Поранешната ѕвезда на Њукасл Јунајтед доби понуда да снима филмови за возрасни

Надворешни врски[уреди | уреди извор]