Северен Регион (Бразил)
Северен регион на Бразил | |
Држави | Акре, Амапа, Амазон, Пара, Рондонија, Рораима и Токантинс |
Површина | |
- Вкупно | 3.853.327,2 km² (1°) |
Население | |
- 2007 проценето | 15,022,060 (4°) |
- Густина | (2007) 3,8/km² (5°) |
БДП | 2004 |
- Вкупно | R$102,037,137 милијарди (5°) |
- БДП по глава на жител | R$(2005) 7,247 (4°) |
ИЧР (2005) | 0.764 (4°) – среден |
- Детски морталитет | (2006) 25.8‰ (4°) |
- Писменост | (2006) 88.7% (4°) |
Часовен појас | BRT (UTC[[UTC{{{utc_offset}}}|{{{utc_offset}}}]]) |
Северен Регион — еден од регионоте на бразил, кому најпоследно му е дадена важност од страна на бразилската влада. Најголем регион е во Бразил со 45.27% од територијата. Придонесува со мал процент од националниот БДП. Се состои од државите Акре, Амапа, Амазон, Пара, Рондонија, Рораима и Токантинс.
Најретко населен е од сите региони на Бразил, со само 2,92 жители на км2. Повеќето живеат во градовите.
Географија
[уреди | уреди извор]Амазонија претставува повеќе од половината останати на планетава дождовни шуми и се состои од најголемиот и најголемиот со видови во светот.
Влажните тропски шуми се најбогати со видови биоми, тропските шуми во Америките се побогати со видовиод тропските шуми во Африка и Азија.[1] Како најголем тракт на тропска дождовна шума во Америките, Амазонските дождовни шуми имаат ненадмината биоразновидност. Повеќе од третина од сите видови на земјата живеат во Амазонската дождовна шума.[2]
Регионот е дом на 2.5 милиони инсектски видови, десетици илјади растенија, и околу 2000 птици и цицачи. До денес, најмалку 40,000 видови растенија, 3,000 риби, 1,294 птици, 427 цицачи, 428 амфибии, и 378 влекачи се научно класифицирани [3]. Научниците опишале помеѓу 96,660 и 128,843 инвертебрати само во Бразил.[4]
Разновидноста на растенијата во регионот е најголем во светот овде, според стручњаците, на еден квадратен километар 75.000 видови дрвја и 150.000 видови виши растенија.[5] Ова ја составува најголемата колекција на живи растенија и животински видови во светот. Една петтина од сите видови птици живее во дождовните шуми на Амазон..[6]
Демографија
[уреди | уреди извор]City | Население (2007) |
---|---|
Манауш | 1,612,475 |
Белем | 1,408,847 |
Ананиндеуа | 484,600 |
Порто Вељо | 380,988 |
Макапа | 368,397 |
Рио Бранко | 288,614 |
Сантарем | 274,074 |
Економија
[уреди | уреди извор]Економијата на регионов во главно се заснова на вегетациските плантажи за латекс, асаи, дрво и нутs;и минерали: злато, бесценети камења, каситерит и тин (метал); рударство: железо и др.
Тривијалност
[уреди | уреди извор]Возила: 1,746,501 (март/2007); Телефони: 1,805,000 (април/2007); Градови: 449 (2007).
Образование
[уреди | уреди извор]Португалскиот е официјален. Но Англиски и Шпански се дел од официјалниот образовен систем.
Образовни институции
[уреди | уреди извор]- федерален Универзитет на Амазони (UFAM);
- Федерален Универзитет на Пара(UFPA);
- Федерален Универзитет на Рондонија (UNIR);
- Федерален Универзитет на Acre (UFAC);
- Федерален Универзитет на Амапа (UNIFAP);
- Федерален Универзитет на Рораима (UFRR);
- Федерален Универзитет на Токантинс (UFT);
- и други.
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Има само неколку автопати во северниот регион. Најважни се: Транс-Амазонски автопат, минува низАмазони, Пара, Пјауи, Марањао, и автопатот Родова Белем-Бразилија, кој минува низ Федералниот округ, Гојас, Токантинс, Марањао и Пара. Транспортот во регионов во главно се одвива по вода, и авион во главно во Амазони. Има два поважни аеродроми во регионот: меѓународен аеродром Белем, во Белем, and меѓународен аеродром Едуардо Гомеш, во Манауш.
Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Turner, I.M. 2001. The ecology of trees in the tropical rain forest. Cambridge University Press, Cambridge. ISBN 0-521-80183-4
- ↑ „Amazon Rainforest, Amazon Plants, Amazon River Animals“. Светски фонд за природа. Посетено на 2007-11-26.
- ↑ Da Silva et al. 2005. The Fate of the Amazonian Areas of Endemism. Conservation Biology 19 (3), 689-694
- ↑ Lewinsohn, Thomas M.; Paulo Inácio Prado (2005). „How Many Species Are There in Brazil?“. Conservation Biology. 19 (3): 619–624. doi:10.1111/j.1523-1739.2005.00680.x.
- ↑ Photos / Pictures of the Amazon Rainforest
- ↑ „The Amazon Rainforest“. Архивирано од изворникот на 2008-08-12. Посетено на 2009-02-06.
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|
|
|