Бразилски реал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бразилски реал
Real brasileiro
50real 2.jpg 50realback.jpg
Лице на банкнота од 50 реали Позадина на банкнотата од 50 реали
ISO 4217
Код BRL
Број 986
Показател 2
Составници
Подединица
 1/100 сентаво
Множина реали
Симбол R$
Банкноти
 Чести R$2, R$5, R$10, R$20, R$50, R$100
 Ретки R$1 (укината во 2006)
Монети
 Чести 5, 10, 25, 50 сентави, R$1
 Ретки 1 сентаво (укината во 2006)
Демографија
Корисник/ци  Бразил
Издавач
Централна банка Централна банка на Бразил
 Мреж. место bcb.gov.br
Печатар Монетарен двор на Бразил
 Мреж. место casadamoeda.gov.br
Ковачница Монетарен двор на Бразил
 Мреж. место casadamoeda.gov.br
Вредност
Инфлација 4,12% (пр. 2017)
 Извор Central Bank of Brazil, 2016
 Начин индекс на потрошувачки цени

Реал (португалски: real, код ISO 4217: BRL, симбол: R$, множина: réis (до 1942), reais (од 1994)) — софицијална валута во Бразил. Се дели на 100 сентави.[1][2] Реалот е релативно нова валута. На неговата појава во 1994 година му претходел период на хиперинфлација.[3] Имено, во периодот од 1942 до 1994 година, валутите во Бразил обезвредниле 7 пати.[4][5][6][7][8] Во времето на постоење на реалот, неговот корс кон доларот се движел од од 0,8 до 3,7 реали за 1 долар; од 2009 до 2011 година, курсот се движел од 1,5 до 1,7 реали за 1 долар.

Во оптек се наоѓаат банкнотите со апоени од 1, 2, 5, 10, 20, 50 и 100 реали, како и монети со апоени од 1, 5, 10, 25 и 50 сентави, како и монета од 1 реал. Освен тоа, како законско платежно средство во Бразил се јавуваат и вредните монети (изработени од обични и благородни метали) со апоени од 10 сентави и 20 реали.

Историја[уреди | уреди извор]

При замената на обезвреднетата валута крузеиро реал, браазилската влада се навратило на историскиот назив на првата парична единица реал. Современата валута реал билла воведена на 1 јули 1994 година,[3][9] во време на претседателството на Итамар Франко. Монетарната реформа за заздравување на националната економија и создавање на стабилна валута позната како План Реал (португалски: Plano Real ја подготвил и спровел Фернандо Кардозо[10].

Новата валута реал во моментот на воведување била врзана кон американскиот долар. Еден реал се раззаменувал за 2750 крузеиро реали.[3].

Во првите години од своето постоење, девизниот курс на реалот достигнал 1,20 долари, што претставува историски најголема вредност во постоењето на бразилската валута. Кон крајот на 1998 година, курсот на реалот во однос на доларот бил строго контролиран од страна на Централната банка на Бразил. Притоа, односот на реалот кон доларот забележал рамномерно намалување. Како последица на низата економски кризи (азиската и руската), Централната банка на Бразил под раководство на новиот претседател Арминио Фрага се откажала од политиката за поддршка на курсот на националната валута во јануари 1999 година.[11] За 2 месеца, курсот на реалот речиси се преполовил, достигнувајќи скоро 2 реали за 1 долар.[12]

Најголемото опаѓање на вредноста на реалот се совпаднал и во голема мера бил поврзан со економската криза која завршила со банкрот во соседна Аргентина. Кон октомври 2001 година, реалот изгубил половина од својта вредност во споредба со 1999 година, достигнувајќи курс од 2,7 за 1 долар.[13]

Историски најмал курс бил постигнат во октомври 2002 година, кога 1 долар имал вредност од 3,79 реали.[14] Овој пад бил предизвикан од негативните очекувања на меѓународните финансиски организации поради прогнозираната победа на претседателските избори на Луис Инасио Лула да Силва, кој имал изразено левичарски ставови. Показателот на резик на бразилските хартии од вредност остро се зголемил, што на инвеститорите им давало знак да го напуштат пазарот.[15]

Сепак, колебањата не се оствариле, а економската политика на новоизбраниот претседател Лула да Силва се покажала ефективна. Кон крајот на неговиот втор претседателски мандат во 2010 година, курсот на реалот во однос со доларот бил подобрен за повеќе од двојно во споредба со времето кога стапил на функцијата.[16] Колебањата на курсот на реалот во однос на доларот во периодот 2008-2009 биле видно поврзано со светската тенденција во движењето на цената на доларот, а не со објективните промени во бразилската економија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Бразильский реал“. time-clock.biz/ru. архивирано од оригиналот на 28 јануари 2012. http://www.webcitation.org/651cISTaO. конс. 6 мај 2011 г. 
  2. „Реал“. fundmoney.biz. архивирано од оригиналот на 28 јануари 2012. http://www.webcitation.org/651cJ7YAL. конс. 6 мај 2011 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 „The History of Money in Brazil (Real 1994)“. Централна банка на Бразил. архивирано од оригиналот на 28 јануари 2012. http://www.webcitation.org/651chwy27. конс. 19 април 2011 г. 
  4. „The history of the Real“. ru.advfn.com. архивирано од оригиналот на 28 јануари 2012. http://www.webcitation.org/651cWRlYl. конс. 19 април 2011 г. 
  5. „The History of Money in Brazil (Cruzeiros Novos)“. Централна банка на Бразил. архивирано од оригиналот на 28 јануари 2012. http://www.webcitation.org/651cbtLsc. конс. 20 април 2011 г. 
  6. „Реал“. www.e-allmoney.ru. архивирано од оригиналот на 28 јануари 2012. http://www.webcitation.org/651cdWU1A. конс. 19 април 2011 г. 
  7. „The History of Money in Brazil (Cruzeiro (1990))“. Централна банка на Бразил. архивирано од оригиналот на 28 јануари 2012. http://www.webcitation.org/651cgOfPc. конс. 20 април 2011 г. 
  8. „The History of Money in Brazil (Cruzeiro Real (1993))“. Централна банка на Бразил. архивирано од оригиналот на 28 јануари 2012. http://www.webcitation.org/651chAXx9. конс. 20 април 2011 г. 
  9. „Бразилия. Деньги, денежные знаки и средства платежа в Бразилии“. www.russobras.com. архивирано од оригиналот на 28 јануари 2012. http://www.webcitation.org/651cinTrU. конс. 6 мај 2011 г. 
  10. „Металлические реалы и сентаво - современные монеты Бразилии“. www.e-allmoney.ru. архивирано од оригиналот на 28 јануари 2012. http://www.webcitation.org/651ck2qdc. конс. 19 април 2011 г. 
  11. „Экономика Бразилии“. сайт www.panasia.ru. архивирано од оригиналот на 28 јануари 2012. http://www.webcitation.org/651cliaDZ. конс. 6 мај 2011 г. 
  12. „1999 - Brazilian Reals to 1 USD“. сайт www.x-rates.com. http://www.x-rates.com/d/BRL/USD/hist1999.html. конс. 19 април 2011 г. 
  13. „2001 - Brazilian Reals to 1 USD“. сайт www.x-rates.com. http://www.x-rates.com/d/BRL/USD/hist2001.html. конс. 19 април 2011 г. 
  14. „2002 - Brazilian Reals to 1 USD“. сайт www.x-rates.com. http://www.x-rates.com/d/BRL/USD/hist2002.html. конс. 19 април 2011 г. 
  15. . ISBN 5-900034-43-7. 
  16. „2010 - Brazilian Reals to 1 USD“. сайт www.x-rates.com. http://www.x-rates.com/d/BRL/USD/hist2010.html. конс. 19 април 2011 г. 

Литература[уреди | уреди извор]

  • Standard Catalog of World Coins 1901-2000. — 38nd ed. — Iola, Wisconsin: Krause Publications. — P. 242—244. — ISBN 978-1-4402-1158-4.
  • Standard Catalog of World Coins 2001-. — 5th ed. — Iola, Wisconsin: Krause Publications. — P. 81—82. — ISBN 978-1-4402-1160-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]