Јазици во Бразил
| Официјален јазик | португалски |
|---|---|
| Национален јазик | португалски 99% |
| Главен јазик | португалски 97,9% германски 1,9%, домородни јазици 0,2%[1][2] [3] |
| Домороден јазик | апалаи, парански арара, боророански, канела, карахаски, карипски, гварански, каинганг, надеб, њенгату, пирахан, терена, тукано, тупи |
| Регионален јазик | германски, италијански, јапонски, шпански (погранични области), англиски,[4] источнопомерански, кинески, корејски |
| Главен доселенички јазик | германски, италијански, арапски, јапонски, шпански, англиски и кинески |
| Знаковен јазик | бразилски знаковен јазик каапорски знаковен јазик |
| Положба на тастатурата | |
| Демографија на Бразил | |
Португалскиот е службен јазик во Бразил[5] и го користи најголемиот дел од населението. Бразилскиот знаковен јазик е исто така службен јазик, додека малцински јазици се домородните јазици и јазиците на европските и азиските доселеници. Населението говори или користи околу 210 јазици, од кои 180 се домородни.[6] Помалку од четириесет илјади луѓе всушност говорат еден од домородните јазици на бразилска територија.[7]
Јазикот е еден од најсилните елементи во националната обединост на Бразил. Во рамките на Бразил нема големи дијалектни разлики на португалскиот јазик, само умерени регионални варијации во акцент и вокабулар.
Пишаниот јазик е стандарден на ниво на Бразил и ги следи националните правила на пишување и акцентирање, кои се прегледуваат од време на време за негово поедноставување. Со воведувањето на договорот од 1990 година, правописните норми на Бразил и Португалија се скоро исти, со само некои ситни разлики. Бразил ги вовел овие промени во 2009 година, а Португалија во 2012 година.
Во 2002 година, бразилскиот знаковен јазик станал службен јазик во Бразил.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Hunsrückish“. Ethnologue. Посетено на 20 јули 2015.
- ↑ „DW“. DW. Посетено на 20 јули 2015.
- ↑ „Standard German“. Ethnologue. Посетено на 20 јули 2015.
- ↑ „Geography of Brazil“. The World Factbook. Central Intelligence Agency. 2016. Архивирано од изворникот на 2015-12-22. Посетено на 31 октомври 2016.
- ↑ Според Уставот на Бразил: "Art. 13. A língua portuguesa é o idioma oficial da República Federativa do Brasil."
- ↑ Ethnologue
- ↑ Aryon Dall'Igna Rodrigues (април 2005). „Sobre as línguas indígenas e sua pesquisa no Brasil“ (португалски). Sociedade Brasileira para o Progresso da Ciência. Посетено на 2012-08-12.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| |||||||||||||||||