Прва Чехословачка Република
Чехословачка Република Československá republika (чешки)
| |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1918–1938 | |||||||||||||||
Motto: Pravda vítězí / Pravda víťazí „Вистината преовладува“ | |||||||||||||||
Химна: ’Kde domov můj’ (чешки) „Каде е мојот дом?“ „Nad Tatrou sa blýska“ (словачки) „Над Татрите светат“ | |||||||||||||||
Главен град | Прага | ||||||||||||||
Largest city | Главен град | ||||||||||||||
Official languages | чехословачки[1] | ||||||||||||||
Говорени јазици | |||||||||||||||
Демоним(и) | Чехословаци | ||||||||||||||
Уредување | Унитарна парламентарна република | ||||||||||||||
Претседател | |||||||||||||||
• 1918–1935 | Томаш Масарик | ||||||||||||||
• 1935–1938 | Едвард Бенеш | ||||||||||||||
Премиер | |||||||||||||||
• 1918–1919 (прв) | Карел Крамар | ||||||||||||||
• 1938 (последен) | Јан Сировиј | ||||||||||||||
Legislature | Национално Собрание | ||||||||||||||
Сенат | |||||||||||||||
Комора на пратеници | |||||||||||||||
Историски период | Меѓувоен период | ||||||||||||||
18 октомври 1918 | |||||||||||||||
28 октомври 1918 | |||||||||||||||
29 февруари 1920 | |||||||||||||||
30 септември 1938 | |||||||||||||||
Површина | |||||||||||||||
Население | |||||||||||||||
• 1921 | 13,410,750 | ||||||||||||||
• 1938 | 14,800,000 | ||||||||||||||
Валута | чехословачка круна | ||||||||||||||
| |||||||||||||||
Денес дел од |
Првата Чехословачка Република (чешки: První československá republika, словачки: Prvá československá republika, често колоквијално наречена Прва република (чешки: První republika, словачки: Prvá republika) — првата чехословачка држава што постоела од 1918 до 1938 година, заедница на етничките Чеси и Словаци. Земјата најчесто се нарекувала Чехословачка (чешки и словачки: Československo), соединение од чешки и словачки; кое постепено станало најкористеното име за нејзините наследнички држави. Била составена од поранешни територии на Австроунгарија, наследувајќи различни системи на администрација од поранешните австриски (Бохемија, Моравија, мал дел од Шлезија) и унгарски територии (најчесто Горна Унгарија и Карпатска Рутенија).
По 1933 година, Чехословачка останала единствената де факто функционална демократија во Централна Европа, организирана како парламентарна република. Под притисок на своето судетско германско малцинство, поддржано од соседна нацистичка Германија, Чехословачка била принудена да го отстапи својот Судетски регион на Германија на 1 октомври 1938 година како дел од Минхенскиот договор. Исто така, ѝ ги отстапила и јужните делови на Словачка и Карпатска Рутенија на Унгарија и регионот Транс-Олза во Шлезија на Полска. Ова, всушност, ставило крај на Првата Чехословачка Република. Била заменета со Втората Чехословачка Република, која траела помалку од половина година пред Германија да го окупира остатокот од Чехословачка во март 1939 година.
Историја
[уреди | уреди извор]Независноста на Чехословачка била прогласена на 28 октомври 1918 година од страна на Чехословачкиот национален совет во Прага. Неколку етнички групи и територии со различни историски, политички и економски традиции биле обврзани да се спојат во нова државна структура. Потеклото на Првата република лежи во точка 10 од Четиринаесетте точки на Вудро Вилсон: „На народите на Австроунгарија, чие место меѓу народите сакаме да го видиме зачувано и обезбедено, треба да им се даде најслободна можност за автономен развој“.
Целосните граници на земјата и организацијата на нејзината влада конечно биле утврдени во чехословачкиот устав од 1920 година. Томаш Гариг Масарик бил признат од Сојузниците од Првата светска војна како водач на привремената чехословачка влада,[2] и во 1920 година бил избран за прв претседател на земјата. Тој бил и реизбран во 1925 и 1929 година, служејќи како претседател до 14 декември 1935 година кога поднел оставка поради лоша здравствена состојба. Тој бил наследен од страна на Едвард Бенеш.
По Аншлусот на Австрија од страна на Германија во март 1938 година, следната цел на нацистичкиот водач Адолф Хитлер за анексија била саматаЧехословачка. Неговиот изговор бил поради незадоволствата што ги трпело етничкото германско население што живеело во северните и западните погранични региони на Чехословачка, колективно познати како Судетска земја. Нивното инкорпорирање во Нацистичка Германија го оставил остатокот од Чехословачка немоќен да се спротивстави на последователната окупација.[3]
Политика
[уреди | уреди извор]Во голема мера, чехословачката демократија ја држела заедно првиот претседател на земјата, Томаш Масарик. Како главен основач на републиката, Масарик се сметал слично на начинот на кој се сметал и Џорџ Вашингтон во Соединетите Американски Држави. Таквата универзална почит му овозможило на Масарик да ги надмине навидум нерешливите политички проблеми. Масарик и денес се смета за симбол на чехословачката демократија за Чесите и Словаците.
Уставот од 1920 година го одобрил привремениот устав од 1918 година во неговите основни карактеристики. Чехословачката држава билае замислена како парламентарна демократија, водена првенствено од Националното собрание, составено од Сенатот и Домот на пратеници, чии членови требало да се избираат врз основа на општо право на глас. Националното собрание било одговорно за законодавната иницијатива и имало надзорна контрола и врз извршната и судската власт. На секои седум години го избирал претседателот и го потврдувал кабинетот назначен од него. Извршната власт требало да ја делат претседателот и кабинетот; а кабинетот бил одговорен пред Националното собрание. Меѓутоа, реалноста донекаде се разликувала од овој идеал за време на силните претседателства на Масарик и неговиот наследник Бенеш. Уставот од 1920 година предвидувал централната власт да има висок степен на контрола над локалната власт. Од 1928 до 1940 година, Чехословачка била поделена на четири „земји“ (чешки: "země", словачки: "krajiny"): Бохемија, Моравија - Шлезија, Словачка и Карпатска Рутенија. Иако во 1927 година биле обезбедени собранија за Бохемија, Словачка и Рутенија, нивната јурисдикција била ограничена на прилагодување на законите и прописите на централната власт на локалните потреби. Централната власт назначувала една третина од членовите на овие собранија. Уставот ја идентификувал „чехословачката нација“ како креатор и главен конституент на чехословачката држава и ги утврдувала чешкиот и словачкиот како официјални јазици. Концептот на чехословачка нација бил неопходен за да се оправда формирањето на Чехословачка кон светот, бидејќи во спротивно статистичкото мнозинство на Чеси во споредба со Германците ќе било прилично слабо, а во државата имало повеќе Германци отколку Словаци.[4] На националните малцинства им била обезбедена посебна заштита; во областите каде што сочинувале 20% од населението, на членовите на малцинските групи им била дадена целосна слобода да го користат својот јазик во секојдневниот живот, во училиштата и во прашањата што се занимаваат со властите.
Работењето на новата чехословачка влада се одликувало со стабилност. Во голема мера одговорни за ова биле добро организираните политички партии кои се појавиле како вистински центри на моќ. Со исклучок на периодот од март 1926 година до ноември 1929 година, кога коалицијата не се одржала, коалицијата на пет чехословачки партии го сочинувала столбот на владата: Републиканска партија на земјоделските и малото стопанство, Чехословачката Социјалдемократска партија, Чехословачката Национална социјална партија, Чехословачката народна партија и Чехословачката Национал-демократска партија. Лидерите на овие партии станале познати како „Петка“. Петката била предводена од Антонин Швехла, кој бил премиер во поголемиот дел од 1920-тите и дизајнирал шема на коалициона политика која опстанала до 1938 година. Политиката на коалицијата била изразена во слоганот „Се договоривме дека ќе се договориме“. Во владата во почетокот на 1926 година учествувале и германските партии. Унгарските партии, под влијание на иредентистичката пропаганда од Унгарија, никогаш не се приклучиле на чехословачката влада, но не биле отворено непријателски настроени:
- Републиканската партија на земјоделските и малото стопанство била формирана во 1922 година од спојување на Чешката аграрна партија и словачката аграрна партија. Предводена од Свехла, новата партија станала главен глас за аграрното население, претставувајќи главно селани со мали и средни фарми. Свехла ја комбинирал поддршката за прогресивното општествено законодавство со демократскиот поглед. Неговата партија била јадрото на сите владини коалиции помеѓу 1922 и 1938 година.
- Чехословачката Социјалдемократска партија била значително ослабена кога комунистите се отцепиле во 1921 година за да ја формираат Комунистичката партија на Чехословачка, но до 1929 година таа почнала да ја враќа својата сила. Како умерена партија, Чехословачката Социјалдемократска партија се прогласила за парламентарна демократија во 1930 година. Антонин Хампл бил претседател на партијата, а Иван Дерер бил лидер на словачкиот огранок.
- Чехословачката Национална социјална партија (наречена Чешка социјалистичка партија до 1926 година) била создадена пред Првата светска војна кога социјалистите се одвоиле од Социјалдемократската партија. Партијата ја отфрлила класната борба и промовирала национализам. Предводено од Вацлав Клофач, неговото членство потекнувало првенствено од долната средна класа, државните службеници и интелигенцијата (вклучувајќи го и Бенеш).
- Чехословачка народна партија – спој на неколку католички партии, групи и работнички синдикати – се развиле одделно во Бохемија во 1918 година и во посилно католичката Моравија во 1919 година. Во 1922 година бил формиран заеднички извршен комитет, предводен од Јан Шрамек. Чехословачката народна партија ги застапувала христијанските морални принципи и општествените енциклики на папата Лав XIII.
- Чехословачката национал-демократска партија се развила од спојувањето на Младата чешка партија по Првата светска војна со другите десничарски и централни партии. Идеолошки се карактеризирала со национален радикализам и економски либерализам. Предводена од Крамар и Алоис Рашин, Националната демократска партија на Чехословачка станала партија на големиот бизнис, банкарството и индустријата. Сепак, партијата опаднала во влијанието по 1920 година.
Надворешна политика
[уреди | уреди извор]Едвард Бенеш, министер за надворешни работи на Чехословачка од 1918 до 1935 година, го создал системот на сојузи што го одредувале меѓународниот став на републиката до 1938 година. Демократскиот државник со западна ориентација, Бенеш во голема мера се потпирал на Друштвото на народите како гарант на повоениот статус кво и безбедноста на новоформираните држави. Тој преговарал со Малата Антанта (сојуз со Југославија и Романија) во 1921 година за да се спротивстави на унгарскиот реваншизам и реставрацијата на Хабсбургпвците. Тој склучил посебен сојуз со Франција. Западната политика на Бенеш добила сериозен удар уште во 1925 година. Пактот од Локарно, кој го отворил патот за прием на Германија во Лигата на народите, ја гарантирала западната граница на Германија. Така, француските трупи останале неподвижни на Рајна, што ја отежнало француската помош за Чехословачка. Покрај тоа, договорот предвидувал дека источната граница на Германија ќе остане предмет на преговори. Кога Адолф Хитлер дошол на власт во 1933 година, стравот од германска агресија станал широко распространет во источниот дел на Централна Европа. Бенеш ја игнорирал можноста за посилен централноевропски сојузен систем, останувајќи верен на својата западна политика. Тој, сепак, барал учество на Советскиот Сојуз во сојузот за вклучување на Франција. (Поранешниот став на Бенеш кон советскиот режим бил претпазлив.) Во 1935 година, Советскиот Сојуз потпишал договори со Франција и Чехословачка. Во суштина, договорите предвидувале дека Советскиот Сојуз ќе и дојде на помош на Чехословачка единствено доколку прва на помош дојде Франција.
Во 1935 година, кога Бенеш го наследил Масарик како претседател, премиерот Милан Хоџа го презелМинистерството за надворешни работи. Напорите на Хоџа за зајакнување на сојузите во Централна Европа дошле предоцна. Во февруари 1936 година, Министерството за надворешни работи дошло под раководство на Камил Крофта, приврзаник на линијата на Бенеш.
Чехословачка ѝ продала вооружување на Боливија за време на војната за Чако (1932–35) и испратила, блиску до крајот на војната, неофицијална мисија за обука, за да ја поддржи Боливија во нејзината војна во Чако со Парагвај и да го унапреди чехословачкиот интерес за Боливија.[5]
Економија
[уреди | уреди извор]Новата нација имала население од над 13,5 милиони жители. Земјата имала наследено 70 до 80% од целата индустрија на Австроунгарија, вклучувајќи ја и индустријата за порцелан и стакло и рафинериите за шеќер; повеќе од 40% од сите нејзини дестилерии и пиварници; Škoda Works П’лзењ , која произведувала вооружување, локомотиви, автомобили и машини; и хемиската индустрија на северна Бохемија. Седумнаесет проценти од целата унгарска индустрија што се развила во Словачка кон крајот на 19 век, исто така, паднала на републиката. Чехословачка била една од 10-те најиндустриски развиени држави во светот.
Чешките земји биле многу поиндустриски развиени од Словачка. Во Бохемија, Моравија и Шлезија, 39% од населението било вработено во индустријата и 31% во земјоделството и шумарството. Поголемиот дел од лесната и тешката индустрија се наоѓала во Судетската област и била во сопственост на Германци и контролирана од банки во германска сопственост. Чесите контролирале само 20 до 30% од целата индустрија. Во Словачка, 17,1% од населението било вработено во индустријата, а 60,4% работеле во земјоделството и шумарството. Само 5% од целата индустрија во Словачка била во словачки раце. Карпатска Рутенија во суштина била без индустрија.
Во земјоделскиот сектор, програмата за реформи воведена веднаш по формирањето на републиката имала за цел да ја поправи нееднаквата распределба на земјиштето. Една третина од целото земјоделско земјиште и шуми им припаѓале на неколку аристократски земјопоседници - главно Германци (или германизирани Чеси - на пр. Кински, Чернин или Кауниц) и Унгарците — заедно со Римокатоличката црква. Половина од сите стопанства биле под 20.000 m2. Законот за контрола на земјиштето од април 1919 година барал експропријација на сите имоти кои надминуваат 1,5 квадратни километри обработливо земјиште или 2,5 квадратни километри земјиште воопшто (5 квадратни километри да биде апсолутен максимум). Прераспределбата требала да продолжи на постепена основа; сопствениците да продолжат да поседуваат во меѓувреме, а била понудена и компензација.
Етнички групи
[уреди | уреди извор]Етнонационален попис од 1921 година [6]
Региони | Чехословаци (Чеси и Словаци) |
Германци | Унгарците | Русини | Евреите | Други | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Бохемија | 4.382.788 | 2.173.239 | 5.476 | 2.007 | 11.251 | 93.757 | 6.668.518 |
Моравија | 2.048.426 | 547.604 | 534 | 976 | 15.335 | 46.448 | 2.649.323 |
Шлезија [7] | 296.194 | 252.365 | 94 | 338 | 3.681 | 49.530 | 602.202 |
Словачка | 2.013.792 | 139.900 | 637.183 | 85.644 | 70.529 | 42.313 | 2.989.361 |
Карпатска Рутенија | 19.737 | 10.460 | 102.144 | 372.884 | 80.059 | 6.760 | 592.044 |
Чехословачка | 8.760.937 | 3.123.568 | 745.431 | 461.849 | 180.855 | 238.080 | 13.410.750 |
Националните спорови настанале поради фактот што побројните Чеси доминирале во централната влада и другите национални институции, од кои сите имале свои седишта во боемскиот главен град Прага. Словачката средна класа била исклучително мала во 1919 година бидејќи Унгарците, Германците и Евреите претходно ги пополнуваа повеќето административни, професионални и комерцијални позиции, и како резултат на тоа, Чесите морале да бидат испратени во позаостаната Словачка за да ги преземат административните и професионални објави. Позицијата на еврејската заедница, особено во Словачка, била двосмислена и, сè повеќе, значаен дел гледал кон ционизмот.[8]
Понатаму, најголемиот дел од индустријата на Чехословачка бил исто така сместена во Бохемија и Моравија и таму главно во пограничните земји што зборуваат германски, додека најголемиот дел од економијата на Словачка потекнувала од земјоделството. Во Карпато-Украина, ситуацијата била уште полоша, во основа без никаква индустрија. Затоа, граничните земји биле исто така посилно погодени од светската економска криза. Овој факт, и фактот дека централната влада направила малку за да им помогне, па дури и повеќе ги поддржа чешките компании, довел до фактот дека невработеноста кај германската заедница е двојно поголема отколку кај чешката. Понатамошните чекори како губењето на работните места за државните службеници кои зборуваат германски јазик, и кои не зборувале чешки, кои биле вработени порано во старата австриска империја или експропријациите на големите имоти, не ја поддржале кохерентноста во државата. Сепак, во 1929 година, на пример, во областа Карлсбад, главно баварско говорно подрачје, 46% сè уште гласале за социјалистите и комунистите. Ова е особено интересно, бидејќи германското говорно подрачје на чешките земји често и од многу страни се обвинувало дека е националистичко и фашистичко. Но, точката на живеење во или една од најиндустриските области на Европа, исто така, носела голема поддршка за комунистичките и социјалистичките партии, што од друга гледна точка може да се објасни и со тешките и долготрајни традиции на рударските индустрии во областа.
Сепак, национализмот се појавил меѓу нечешките националности и биле формирани неколку партии и движења со цел поширока политичка автономија, како Судетската германска партија предводена од Конрад Хенлајн и Словачката народна партија на Хлинка предводена од Андреј Хлинка.
Германското малцинство кое живеело во Судетската област побарало автономија од чехословачката влада, тврдејќи дека биле потиснати и репресирани. На парламентарните избори во 1935 година, новооснованата Судетска германска партија, предводена од Конрад Хенлајн и главно финансирана од нацистички германски пари, добила над две третини од гласовите на Судетскиот германски регион. Како последица на тоа, дипломатските односи меѓу Германците и Чесите дополнително се влошиле.
Административна поделба
[уреди | уреди извор]- 1918–1923: различни системи на поранешна австриска територија (Бохемија, Моравија, мал дел од Шлезија) во споредба со поранешната унгарска територија (најчесто Горна Унгарија и Карпатска Рутенија): три земји (země) (исто така наречени окружни единици (kraje): Бохемија, Моравија, Шлезија, плус 21 окрузи (župy) во денешна Словачка и три окрузи во денешна Рутенија; двете земји и окрузи биле поделени на области (okresy).
- 1923–1927: како погоре, освен што словачките и рутенските окрузи биле заменети со шест (големи) окрузи ((veľ)župy) во Словачка и една (голема) област во Рутенија, а броевите и границите на okresy биле променети во тие две територии.
- 1928–1938: четири земји (чешки: země, словачки: krajiny): Бохемија, Моравија-Шлезија, Словачка и Карпатска Рутенија, поделени на области (okresy).
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „1920 Czechoslovak Constitution“. Wikisource.
- ↑ Preclík, Vratislav (2019). Masaryk a legie (чешки). Paris Karviná in association with the Masaryk Democratic Movement, Prague. стр. 8–77, 101–102, 124–125, 128–129, 132, 140–148, 184–199. ISBN 978-80-87173-47-3.
- ↑ Spencer Tucker, Priscilla Mary Roberts (2005). World War II: A Political, Social, and Military History. ABC-CLIO. ISBN 1576079996.
- ↑ Mikulas Teich (1998). Bohemia in History. Cambridge University Press. стр. 375.
- ↑ Baďura, Bohumil (2006) Československé zbraně a diplomacie ve válce o Gran Chaco, p. 35.
- ↑ Slovenský náučný slovník, I. zväzok, Bratislava-Český Těšín, 1932.
- ↑ The 1921 and 1930 census numbers are not accurate because nationality depended on self-declaration and many Poles declared Czech nationality, mainly as a result of fear of the new authorities and as compensation for some benefits.
- ↑ „Slovakia Synagogues, Jewish Cemeteries, Jewish Museum Bratislava“. Slovak Jewish Heritage. Посетено на 2014-02-16.
Библиографија
[уреди | уреди извор]- Kárník, Zdeněk: Malé dějiny československé (1867–1939), Dokořán (2008), Праха, (на чешки)
- Olivova, Věra: Dějiny první republiky, Karolinum Press (2000), Праха, (на чешки)
- Перутка, Фердинанд : Budování státu I.-IV., Academia (2003), Praha, (на чешки)
- Генерал Франтишек Моравец : Špión jemuž nevěřili (на чешки)
- Axworthy, Mark WA Оска Словачка - Хитлеровиот словенски клин, 1938–1945, Бејсајд, Њујорк : Axis Europa Books, 2002,ISBN 1-891227-41-6