Од Википедија — слободната енциклопедија
Николаевска област Миколаївська область
Знаме
Местоположба
Информации
Админ. центар :Николаев
Официјални јазици :Украински
Површина :24 598 km²
Население :1 173 770 (01.12.2012)
Број на реони :19
Регистерска ознака :ВЕ
Областен управител :Олексиj Савченко
Николаевска област (украински : Миколаївська область ; исто така се нарекува Николаевшчина - украински: Миколаївщина ) е област (покраина ) во јужниот дел на Украина . Административен центар на областа е градот Николаев .
Николаевска област има вкупна површина од 24.598 км2 . На запад се граничи со Одеската област , на север со Кировоградската област , на југ со Херсонската област , а на исток со Днепропетровската област . Во областа има 822 села и 9 градови. Најголемата река: Јужен Буг , други значајни реки во областа се: Ингулец , Ингул , Березан .
Според пописот на населението во 2001 година, во Николаевска област живеат најмногу Украинци (81,91%), а останатите се Руси (14,06%), Молдавци , Белоруси , Ерменци , Евреи .