Лишен

Координати: 41°15′N 24°26′E / 41.250° СГШ; 24.433° ИГД / 41.250; 24.433
Од Википедија — слободната енциклопедија
Лишен
Πολυνέρι
Лишен is located in Грција
Лишен
Лишен
Местоположба во областа
Лишен во рамките на Бук (општина)
Лишен
Местоположба на Лишен во Општина Бук и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°15′N 24°26′E / 41.250° СГШ; 24.433° ИГД / 41.250; 24.433
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаБук
Општ. единицаБук
Надм. вис.&10000000000000440000000440 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно10
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Лишен (грчки: Πολυνέρι, Полинери)'[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 34 километри североисточно од градот Драма и на 8 километри североисточно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа во источните падини на Голомбар на надморска височина од 440 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 114 жители македонски муслиманиКако што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.[4].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Полинери.[5]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според грчката статистика, во 1913 година во селото живееле 163 луѓе.[6]

До 1928 година во селото биле населени 31 грчки семејства со 121 бегалци од Турција.[7] Во 1928 година селото броело 121 жител, додека во 1940 година селото броело 186 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 141 жител, на пописот од 1961 година, во селото живееле 131 жител, во 1971 година имало 59 жители, во 1981 година имало 40 жители, додека во 1991 година имало 25 жители[8]. Денеска, населението на селото е 10 жителi според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 186 141 131 59 40 25 32 10
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καραγκιόζ Κιόι -- Περίβλεπτον
  3. „Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 199.
  5. „Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. Λιθοξόου, Δημήτρης. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913 - Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2009-05-04.
  7. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  8. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 40.