Довлар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Довлар
Μαρμαριά
Довлар is located in Грција
Довлар
Довлар
Местоположба во областа
Довлар is located in Драма (општина)
Довлар
Местоположба на Довлар во Општина Бук и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°10′N 24°20′E / 41.167° СГШ; 24.333° ИГД / 41.167; 24.333Координати: 41°10′N 24°20′E / 41.167° СГШ; 24.333° ИГД / 41.167; 24.333
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаБук
Општ. единицаНусретли
Надм. вис.&10000000000000252000000252 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно13
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Довлар (грчки: Μαρμαριά, Мармарија)[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 19 километри источно од градот Драма и на 22 километри југозападно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 252 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото во текот на 19 век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било прекрстено во Мармарија.[4]

Демографија[уреди | уреди извор]

До 1928 година во селото биле населени 85 бегалци од Турција.[5] Во 1928 година селото броело 97 жители, додека во 1940 година селото броело 124 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 126 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 108 жители, во 1971 година имало 63 жители, во 1981 година имало 38 жители, додека во 1991 година имало 28 жители[6]. Денеска, населението на селото е 13 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 124 126 108 38 28 52 / 13
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]