Гогчели

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гогчели
Πρινόλοφος
Гогчели is located in Грција
Гогчели
Гогчели
Местоположба во областа
Гогчели is located in Драма (општина)
Гогчели
Местоположба на Гогчели во Општина Бук и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°12′N 24°23′E / 41.200° СГШ; 24.383° ИГД / 41.200; 24.383Координати: 41°12′N 24°23′E / 41.200° СГШ; 24.383° ИГД / 41.200; 24.383
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаБук
Општ. единицаНусретли
Надм. вис.&10000000000000340000000340 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно76
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Гогчели (грчки: Πρινόλοφος, Принолофос)'[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 35 километри источно од градот Драма и на 17 километри југозападно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 340 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото во текот на 19 век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било прекрстено во Принолофос.[4]

Демографија[уреди | уреди извор]

До 1928 година во селото биле населени 75 бегалци од Турција.[5] Во 1928 година селото броело 75 жители, додека во 1940 година селото броело 162 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 128 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 157 жители, во 1971 година имало 70 жители, во 1981 година имало 58 жители, додека во 1991 година имало 83 жители[6]. Денеска, населението на селото е 76 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 162 128 157 70 58 83 97 76
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]