Берчишта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Берчишта
Πολυνέρι
Берчишта is located in Грција
Берчишта
Берчишта
Местоположба во областа
Берчишта is located in Драма (општина)
Берчишта
Местоположба на Берчишта во Општина Бук и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°13′N 24°27′E / 41.217° СГШ; 24.450° ИГД / 41.217; 24.450Координати: 41°13′N 24°27′E / 41.217° СГШ; 24.450° ИГД / 41.217; 24.450
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаБук
Општ. единицаБук
Надм. вис.&10000000000000440000000440 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно376
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Берчишта (грчки: Πολυνέρι, Полинери)'[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 41 километри источно од градот Драма и на 16 километри јужно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа во источните падини на Голомбар на надморска височина од 427 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во еден регистар на санџакот Паша од 1569-70 година селото е означено дека ги плаќа своите даноци и дека во него живеат: муслимани - 33 семејства, 30 неженети и 5 Јуруци и немуслиманите - 20 семејства и 16 неженети[4].

Селото во текот на 19 век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 850 жители македонски муслимани Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.[5].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било прекрстено во Птелеја.[6]

Демографија[уреди | уреди извор]

До 1928 година во селото биле населени 116 грчки семејства со 414 бегалци од Турција.[7] Во 1928 година селото броело 414 жители, додека во 1940 година селото броело 785 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 706 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 748 жители, во 1971 година имало 409 жители, во 1981 година имало 357 жители, додека во 1991 година имало 299 жители[8]. Денеска, населението на селото е 376 жител според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 785 706 748 409 357 299 376 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καραγκιόζ Κιόι -- Περίβλεπτον
  3. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  4. Стоjановски, Александар. Турски документи за историjата на Македониjа. Опширен пописен дефтер за Паша санџакот (казите Драма, Кавала, Серез и Неврокоп) од 1569/70 година, том X, книга 2. Скопjе, Државен архив на Република Македониjа, 2007. ISBN 978-998-962-264-9. OCLC 645308759. с. 129-131.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 199.
  6. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  7. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  8. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 40.