Прејди на содржината

Арпаџик (село)

Координати: 41°15′N 24°35′E / 41.250° СГШ; 24.583° ИГД / 41.250; 24.583
Од Википедија — слободната енциклопедија
Арпаџик
Στέρνα
Арпаџик is located in Грција
Арпаџик
Арпаџик
Местоположба во областа
Арпаџик во рамките на Бук (општина)
Арпаџик
Местоположба на Арпаџик во Општина Бук и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°15′N 24°35′E / 41.250° СГШ; 24.583° ИГД / 41.250; 24.583
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаБук
Општ. единицаКараџаќој
Надм. вис.&10000000000000180000000180 м
Население (2001)[2]
 • Вкупно36[1]
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Арпаџик или Стерна (грчки: Στέρνα, Стерна)[3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 46 километри источно од градот Драма и на 8 километри источно од Општина Бук. Селото се наоѓа на десниот брег од реката Места. Селото се наоѓа на надморска височина од 180 метри.

Историја

[уреди | уреди извор]

Селото Арпаџик во текот на XIX век се наоѓало во составот на Отоманското Царство.

Според грчката статистика од 1913 година во селото живееле 123 жители[4] Во 1920 година во селото биле регистрирани 111 жители.[5] Според договорот од Лозана потпишан помеѓу Турција и Грција во 1923 година, муслиманското население било принудено да ги напушти своите домови, додека не негово место било населено грчко население од Анадолија.

Во 1927 година мето на селото било променето во Стерна.[6]

Демографија

[уреди | уреди извор]

До 1928 година во Арпаџик биле населени 13 грчки семејства со 60 бегалци од Турција.[7]

Во 1928 година селото броело 112 жители, додека во 1940 година селото броело 577 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 156 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 150 жители, во 1971 година имало 70 жители, во 1981 година имало 50 жители, додека во 1991 година имало 53 жители[8]. Денеска, населението на селото е 36 жител според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 577 156 150 70 50 53 36
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
  1. ΓΕΝΙΚΗ ΓΡΑΜΜΑΤΕΙΑ ΕΣΥΕ (2001). „Данни от преброяването на населението в Гърция от 2001 година“ (PDF). стр. 69. Архивирано (PDF) од изворникот 2009-03-18. Посетено на 4 мај 2009.
  2. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπατζίκ -- Στέρνα
  4. Λιθοξόου, Δημήτρης. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913 - Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2009-05-04.
  5. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија, том 1. Скопје: Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија. стр. 139. ISBN 9989-9819-4-9. OCLC 44748962.
  6. „Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  8. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 89.