Караѓоз (село)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Караѓоз
Περίβλεπτο
Караѓоз is located in Грција
Караѓоз
Караѓоз
Местоположба во областа
Караѓоз is located in Драма (општина)
Караѓоз
Местоположба на Караѓоз во Општина Бук и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°17′N 24°24′E / 41.283° СГШ; 24.400° ИГД / 41.283; 24.400Координати: 41°17′N 24°24′E / 41.283° СГШ; 24.400° ИГД / 41.283; 24.400
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаБук
Општ. единицаБук
Надм. вис.&10000000000000600000000600 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно8
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Караѓоз (грчки: Περίβλεπτο, Перивлепто)'[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 50 километри североисточно од градот Драма и на 11 километри западно од центарот на општината, Бук.

Селото се наоѓа на надморска височина од 600 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото во текот на 19 век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 260 жители Турци[4].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1940 година селото броело 265 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 221 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 187 жители, во 1971 година имало 57 жители, во 1981 година имало 21 жители, додека во 1991 година имало 27 жители[5]. Денеска, населението на селото е 8 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 265 221 187 57 21 27 39 8
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]