Прејди на содржината

Балтаџилар

Координати: 41°11′N 24°19′E / 41.183° СГШ; 24.317° ИГД / 41.183; 24.317
Од Википедија — слободната енциклопедија
Балтаџилар
Πελεκητή
Балтаџилар is located in Грција
Балтаџилар
Балтаџилар
Местоположба во областа
Балтаџилар во рамките на Бук (општина)
Балтаџилар
Местоположба на Балтаџилар во Општина Бук и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°11′N 24°19′E / 41.183° СГШ; 24.317° ИГД / 41.183; 24.317
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаБук
Општ. единицаНусретли
Надм. вис.&10000000000000252000000252 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно13
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Балтаџилар (грчки: Πελεκητή, Пелекити)[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 27 километри североисточно од градот Драма и на 17 километри јужно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 350 метри.

Историја

[уреди | уреди извор]

Селото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Пелекити.[4]

Демографија

[уреди | уреди извор]

До 1928 година во селото биле населени 57 бегалци од Турција.[5] Во 1928 година селото броело 57 жители, додека во 1940 година селото броело 105 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 153 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 113 жители, во 1971 година имало 26 жители, во 1981 година имало 23 жители, додека во 1991 година имало 39 жители[6]. Денеска, населението на селото е 13 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 105 153 113 26 23 39 30 13
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καραγκιόζ Κιόι -- Περίβλεπτον
  3. „Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  4. „Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  5. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 40.