Хасан Балар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хасан Балар
Παλιάμπελα
Хасан Балар is located in Грција
Хасан Балар
Хасан Балар
Местоположба во областа
Хасан Балар is located in Драма (општина)
Хасан Балар
Местоположба на Хасан Балар во Општина Бук и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°10′N 24°22′E / 41.167° СГШ; 24.367° ИГД / 41.167; 24.367Координати: 41°10′N 24°22′E / 41.167° СГШ; 24.367° ИГД / 41.167; 24.367
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаБук
Општ. единицаНусретли
Надм. вис.&10000000000000250000000250 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно48
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Хасан Балар (грчки: Παλιάμπελα, Паламбела)[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 37 километри источно од градот Драма и на 19 километри југозападно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 250 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото во текот на 19 век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било прекрстено во Паламбела.[4]

Демографија[уреди | уреди извор]

До 1928 година во селото биле населени 112 бегалци од Турција[5]. Во 1928 година селото броело 112 жители, додека во 1940 година селото броело 186 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 145 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 154 жители, во 1971 година имало 81 жители, во 1981 година имало 64 жители, додека во 1991 година имало 95 жители[6]. Денеска, населението на селото е 48 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 186 145 154 81 64 95 99 48
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]