Балабан (Драмско)
| Балабан Τραχώνι | |
|---|---|
|
Местоположба во областа | |
| Координати: 41°21′N 24°38′E / 41.350°N 24.633°E | |
| Земја | Грција |
| Област | Источна Македонија и Тракија |
| Округ | Драмски |
| Општина | Бук |
| Општ. единица | Бук |
| Надм. вис. | 760 м |
| Час. појас | EET (UTC+2) |
| • Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Балабан (грчки: Τραχώνι, Трахони; до 1927 г. Μπαλαμπάν[1]) — поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Бук во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Сè до 1923 г. било населено со Македонци муслимани.[2]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Драмски Чеч, во југозападните падини на Родопите, североисточно од градот Драма, над десната страна на истоимената река, на надморска височина од 760 м.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Потекло и значење на името
[уреди | уреди извор]Според Јордан Н. Иванов, името на селото е изведено од дијалектниот прекар балабан („крупен човек“), кој произлегува од турскиот јазик.[3]
Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во XIX век Балабан било македонско село во Драмската Каза на Драмскиот Санџак. По податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Балабанъ имало 650 Македонци муслимани[4] кои живееле во 90 куќи.[5] Според Љубомир Милетиќ, до 1912 г. селото припаѓало на Довленската Каза, а неговото население се состоело целосно од Помаци.[6]
Во Грција
[уреди | уреди извор]За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 527 жители, кои во 1920 г. се свеле на 434 лица.[2]
Во 1923 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени 47 бегалски семејства (вкупно 219 бегалци)[2] од Црноморието и од Кападокија. Во 1927 г. селото е преименувано во Трахони (Τραχώνι).[1] Во 1928 г. бројот на грчки семејства во Балабан изнесувал 47, или вкупно 196 луѓе.[7] Тука подоцна се доселиле и други бегалски семејства од попасивните планински села, така што во 1940 г. селото броело 508 жители.[2]
За време на Втората светска војна, во 1940 г. жителите биле евакуирани во полското село Бук, иако се вратиле наредната 1941 г. Мештаните на Балабан зеле активно учество во отпорот против бугарската окупација, поради што на 11 август 1944 година, бугарската војска одмазднички убила околу 30 жители на селото, повеќето лица кои привремено се вратиле на земјоделска работа. На местото на злосторот подоцна бил подигнат споменик со имињата на жртвите.[8]
Селото наполно настрадало во Граѓанската војна (1946-1949) и никогаш не било обновено. Атарот бил припоен кон оној на с. Белен.[2]
Население
[уреди | уреди извор]Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
| Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Население | 508 | — | — | — | — | — | — | — | — |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 21 јули 2026.
- 1 2 3 4 5 6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 140.
- ↑ Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 73.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 199. ISBN 954430424X.
- ↑ Кънчов, Васил (1970) [1894 – 1896]. „Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско“. Избрани произведения. Том I. София: Наука и изкуство. стр. 270. no-break space character во
|origyear=во положба 5 (help) - ↑ Предлошка:Разорението
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 16 октомври 2012, Посетено на 21 јули 2026
- ↑ Χατζηαναστασίου, Τάσος (2003). Αντάρτες και Καπετάνιοι. Η Εθνική Αντίσταση κατά της βουλγαρικής κατοχής της Ανατολικής Μακεδονίας και της Θράκης 1942-1944 (грчки). Θεσσαλονίκη: Εκδοτικός οίκος Αδελφών Κυριακίδη. стр. 172.