Нусретли
Нусретли Νικηφόρος | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 41°10′N 24°19′E / 41.167° СГШ; 24.317° ИГДКоординати: 41°10′N 24°19′E / 41.167° СГШ; 24.317° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Драмски округ |
Општина | Бук |
Општ. единица | Нусретли |
Надм. вис. | 250 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 296 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Нусретли (грчки: Νικηφόρος, Никофорос)[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа на 27 километри јужно од градот Драма и на 27 километри југозападно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 250 метри.
Селото опфаќа површина од 34км2, додека целата општинска единица опфаќа 240.998 км2.[4] По реформите на локалната власт во 2011 година, Нусретли е општинска единица на општината Бук[5].
Историја[уреди | уреди извор]
Отоманско Царство[уреди | уреди извор]
Селото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 90 Турци[6].
Грција[уреди | уреди извор]
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1927 година, селото било преименувано во Маврокордатос.[7]
Демографија[уреди | уреди извор]
До 1928 година во селото биле населени 828 бегалци од Турција.[8] Во 1928 година селото броело 1035 жители, додека во 1940 година селото броело 1213 жители, во 1951 - 949 жители. Селото во пописот од 1961 година броело 1002 жители, во 1971 година имало 698 жители, во 1981 година имало 508 жители, додека во 1991 година имало 451 жител[9]. Денеска, населението на селото е 296 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1213 | 949 | 1002 | 698 | 508 | 451 | 436 | 296 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Култура[уреди | уреди извор]
Турската народна песна Драмски мост „Drama Köprüsü“ е посветена на Нусретли. Самиот мост се наоѓа во близина на селото.
Во ова село е роден Ибрахим-паша.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καραγκιόζ Κιόι -- Περίβλεπτον
- ↑ „Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
- ↑ „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (грчки). National Statistical Service of Greece.
- ↑ „Kallikratis law“ (PDF) (грчки). Greece Ministry of Interior. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-04-27. Посетено на 2017-03-16.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 198.
- ↑ „Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 46.
|