Оваџик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Оваџик
Δρυμότοπος
Оваџик is located in Грција
Оваџик
Оваџик
Местоположба во областа
Оваџик is located in Драма (општина)
Оваџик
Местоположба на Оваџик во Општина Бук и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°9′N 24°22′E / 41.150° СГШ; 24.367° ИГД / 41.150; 24.367Координати: 41°9′N 24°22′E / 41.150° СГШ; 24.367° ИГД / 41.150; 24.367
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаБук
Општ. единицаНусретли
Надм. вис.&100000000000011280000001.128 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Оваџик (грчки: Δρυμότοπος, Дримотопос)[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 50 километри источно од градот Драма и на 36 километри јужно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 1128 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на 19 век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 188 жители македонски муслимани[4][5].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Демографија[уреди | уреди извор]

До 1928 година во селото биле населени 48 бегалци од Турција.[6] Во 1928 година селото броело 48 жители, додека во 1940 година селото броело 48 жители.

Селото на пописот од 1951 година не е евидентирано, најверојатно неговото население во текот на Грчката граѓанска војна побегнало во Ола. По нормализирањето на ситуацијата, дел од неговото население се вратило во своите домови.

Селото во пописот од 1961 година броело 40 жители, но во следните две децении селото повторно не било евидентирано во пописот на населението на Грција, поради кое се смета дека било напуштено, за да кон 1991 година биде попишано со 40 жители[7]. Денеска, населението на селото е 1 жител според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 163 / 40 / / 40 / 1
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]