Суруџилер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Суруџилер
Τείχος
Суруџилер is located in Грција
Суруџилер
Суруџилер
Местоположба во областа
Суруџилер is located in Драма (општина)
Суруџилер
Местоположба на Суруџилер во Општина Бук и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°12′N 24°19′E / 41.200° СГШ; 24.317° ИГД / 41.200; 24.317Координати: 41°12′N 24°19′E / 41.200° СГШ; 24.317° ИГД / 41.200; 24.317
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаБук
Општ. единицаНусретли
Надм. вис.&10000000000000315000000315 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно63
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Суруџилер (грчки: Τείχος, Тихос)[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 20 километри источно од градот Драма и на 24 километри југозападно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 315 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото во текот на 19 век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било прекрстено во Тихос.[4]

Демографија[уреди | уреди извор]

До 1928 година во селото биле населени 38 грчки семејства со 152 бегалци од Турција[5]. Во 1928 година селото броело 195 жители, додека во 1940 година селото броело 170 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 176 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 160 жители, во 1971 година имало 56 жители, во 1981 година имало 36 жители, додека во 1991 година имало 23 жители[6]. Денеска, населението на селото е 63 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 226 174 135 77 62 50 68 63
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]