Караџаќој (Драмско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Караџаќој)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Караџаќој
Θόλος
Караџаќој is located in Грција
Караџаќој
Караџаќој
Местоположба во областа
Караџаќој is located in Драма (општина)
Караџаќој
Местоположба на Караџаќој во Општина Бук и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°18′N 24°31′E / 41.300° СГШ; 24.517° ИГД / 41.300; 24.517Координати: 41°18′N 24°31′E / 41.300° СГШ; 24.517° ИГД / 41.300; 24.517
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаБук
Општ. единицаКараџаќој
Надм. вис.&10000000000000320000000320 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно4
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Караџаќој (грчки: Θόλος, То̀лос)'[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 55 километри североисточно од градот Драма и на 5 километри северно од центарот на општината, Бук.

Селото се наоѓа на надморска височина од 320 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото во текот на 19 век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство. Според Јордан Н. Иванов името на селото произлегува од турското karaca(срна) [4].

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 209 жители Турци[5].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било прекрстено во Толос.[6]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според грчката статистика, во 1913 година во селото живееле 331 луѓе.[7]

Во 1940 година селото броело 577 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 214 жители, во 1971 година имало 374 жители, во 1981 година имало 50 жители, додека во 1991 година имало 27 жители[8]. Денеска, населението на селото е 4 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 577 / 214 374 50 27 14 4
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καραγκιόζ Κιόι -- Περίβλεπτον
  3. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  4. Иванов, Йордан. „Местните имена между Долна Струма и Долна Места“. София, БАН, 1982, стр. 135.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 199.
  6. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  7. Λιθοξόου, Δημήτρης. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913 - Μακεδονία“. Архивирано од изворникот на 2012-07-31. конс. 2009-05-04. 
  8. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 32.