Зевксипиј (Константинопол)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бањите Зевксипиј
Constantinople imperial district.png
Карта на административниот дел од Константинопол
Општи податоци
Град Константинопол
Земја Византија
Почната 2 век
Урната 532

Бањите Зевксипиј претставувале јавни бањи кои се наоѓале во престолнината на Византија, Константинопол. Тие биле изградени во периодот помеѓу 100 и 200 година, а уништени во времето на бунтот Ника во 532 година[1], а по неколку години биле повторно изградени. Овие бањи биле наречени со тоа име бидејќи претходно на ова место се наоѓал храм на богот Јупитер (Зевс)[2]. Бањите биле поснати по големиот број на статуи. Овие статуи подоцна биле користени за воени цели, во текот на 7 век и сите биле уништени. Последните ископувања на локалитетот биле направени во 1928 година.

Опис[уреди | уреди извор]

Бањите биле изградени во времето на Септимиј Север[3], а реновирани во времето на Константин Велики[4]. Во тоа време биле поставени и голем број на статуи кои броеле околу 80 со бројни мозаици. Овде постоеле статуи на Хомер, Хесиод, Платон, Аристотел, Јулиј Цезар, Демостен и Вергилиј[4], фигури на богови и митски херои[5]. Овие статуи биле земени од различни места по светот, како Азија, Рим, Грција и Мала Азија[6].

Местото било користено како јавно капење. На мажите и жените не им било дозволувано да се капат заедно, туку морале да бидат во одделни бањи или да одат во различен период во денот[7].

Популарноста на овие бањи меѓу населението било многу голема и покрај тоа што имало неколку бањи во градот, кои имале јавен пристап. Во овие бањи дури оделе и свештениците и монасите[7].

Локација[уреди | уреди извор]

Бањата се наоѓала во близина на Големата императорска палата. Бањата граничела со Августајон, во близина на Аја Софија. Ископувањата кои биле спроведени ја докажале локацијата, па самите биле поврзани со големата палата.

Реконструкција[уреди | уреди извор]

По бунтот Ника во 532 година, најголем дел од градбите во градот биле разрушени, а илјадници биле мртви. Бањата не била поштедена. Додека презел мерки за реконструкција на бањите, Јустинијан не можел да ги реновира статуите и антиквитетите, кои биле изгубени по 532 година.[4].

По ова, во текот на 7 век бањите започнале да ги користат единствено византиската армија.[7][8]. Кон почетокот на 8 век, дел од бањите биле претворени во затвор, а друг дел служел како работилница.

Речиси 1.000 години подоцна, отоманскиот султан Мимар Синан на местото изградил бања Хасеки Хурем Султан на основата на старите бањи. Во 1928 година било спроведено ископување каде биле пронајдени остатоци од различни времиња.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ward-Perkins, B. p. 935
  2. Gilles, P. p. 70
  3. Wornum, R.N.
  4. 4,0 4,1 4,2 Bury, J.B. p. 55
  5. Müller, K.O.; Welcker, F.G. p. 208
  6. Evans, J.A.S. p. 30
  7. 7,0 7,1 7,2 Rautman, M.L. p. 77
  8. Gibbon, E. p. 950

Надворешни врски[уреди | уреди извор]