Дорштат се наоѓа на северните делови од подножјето на планинскиот масив Харц. Општината се протега од источните делови на ридскиот масив Одервалд до реката Окер, на половина пат помеѓу Волфенбител и Шладен. Соседни општини се Орум на север и Хајнинген на југ, како и Берсум источно на Окер.
Населбата била првпат спомената во декрет од 1110 година, кога епископот Удо од Хилдесхајмската епископија му ја доделил епископската тврдина во Шладен на саксонскиот благородник Ајко од Дорштат.
Во 1189 година, владетелите на Дорштат, охрабрени од нивниот роднина, епископот Аделог од Хилдесхајм, го основал августинскиот манастир. Неколку децении манастирот се развивал, а во 1438 година големи делови од имотот биле уништени од пожар. По несогласувањето со епископијата, Дорштат преминал во Војводството Брауншвајг-Линебург. Со реформацијата, манастирот станал протестантски под владение на војводата Јулиј од Брауншвајг-Волфенбител во 1568 година.
Меѓутоа, Дорштат бил вратен на Хилдесхајм во 1643 година, манастирот пропаднал и бил повторно населен со католички монахињи по Триесетгодишната војна. Изборниот кнез Максимилијан Хајнрих од Баварија ја отпочнал обновата на манастирот во барокен стил од 1680 година. Откако Хилдесхајмската епископија била секуларизирана и дадена на Прусија во 1803 година. Дворецот во Дорштат е приватен посед.