Хајнинген (Долна Саксонија)

Координати: 52°04′0″N 10°34′0″E / 52.06667° СГШ; 10.56667° ИГД / 52.06667; 10.56667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Хајнинген
Поглед од Одервалд на Хајнинген
Поглед од Одервалд на Хајнинген
Поглед од Одервалд на Хајнинген
Грб на Хајнинген
Хајнинген во рамките на Германија
Хајнинген
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Волфенбител
Општ. заед. Одервалд
Градоначалник Марк Мекснер (самостоен)
Основни податоци
Површина 8,41 км2
Надм. височина 101 м
Население 640 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 76 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. WF
Пошт. бр. 38312
Повик. бр. 05334
Местоположба на Хајнинген во рамките на округот Волфенбител
Карта
Карта
Координати 52°04′0″N 10°34′0″E / 52.06667° СГШ; 10.56667° ИГД / 52.06667; 10.56667

Хајнинген (германски: Heiningen) — општина во округот Волфенбител, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Географија[уреди | уреди извор]

Хајнинген се наоѓа на јужниот крај од ридскиот масив Одервалд, околу 11 километри јужно од окружниот град Волфенбител. Има пристап до сојузниот автопат БАБ 395 на соседната раскрсница кај Флете.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Петар и Павле“

На местото на денешната општина се наоѓал средновековниот манастир Хајнинген, основан околу 1000 година од саксонската династија Билунг. Промовиран од епископот Бернвард од Хилдесхајм, манастирот добил дури и царска непосредност од царот Отон III. Правилата на Св. Августин биле воведени во 1126 година и била започната манастирската црква „Св. Петар и Павле“. Хајнинген станал седиште на архиѓаконот во 1174 година. Во XV век, манастирот бил поврзан со Собирот Виндесхајм.

По несогласувањето со Хилдесхајмската епископија, Хајнинген бил освоен од силите на војводата Хајнрих V од Брауншвајг и манастирот станал протестантски во 1569 година. Бил вратен на Хилдесхајмската епископија во 1643 година, додека манастирската црква повторно била осветена како католичка, иако населението главно останало протестантско. Манастирот бил конечно секуларизиран во 1810 година, иако манастирската црква останала да биде католичка парохија до денес.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]