Прејди на содржината

Дела 16

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дела 16
Дела 15,22–24 на латински (лево) и грчки (десно) од Лодовиот ракопис, 550 г.
КнигаДела на светите апостоли
КатегоријаЦрковна историја
Во БиблијатаНов завет
Ред. бр. во Библијата5

Дела 16 — шеснаесетта глава од книгата „Дела на светите апостоли“ на Новиот завет. Го обработува второто мисионерско патување на Апостол Павле придружуван од Апостол Сила и Тимотеј. Авторот на книгата која ја содржи оваа глава е анонимен, но општоприфатен став во ранохристијанската традиција е дека нејзин автор е апостолот Лука Евангелист, кој исто така го напишал и Евангелието според Лука.[1]

Најголемиот дел од оваа глава раскажува за воспоставувањето на христијанството во Македонија, како прво меѓу народите на Европа.

Текст[уреди | уреди извор]

Изворниот текст е напишан на коински грчки и е поделен на 40 стихови.

Ракописно сведоштво[уреди | уреди извор]

Еве некои рани раскописи во кои се содржи текстот на оваа глава:

Места[уреди | уреди извор]

Во главата се споменуваат следниве места, наведени по редослед на јавување во неа:

Времеслед[уреди | уреди извор]

Второто мисионерско патување на Павле се случило околу 49 г.[2]

Стих 1[уреди | уреди извор]

Тој пристигна во Дерва и Листра. И ете, таму живееше некојси ученик, по име Тимотеј, син на Ју­деј­ка, која ја прифати верата, и на татко Елин.[3]

Тимотеј бил син на Евника, Еврејка чие име се спомнува во Второто послание до Тимотеј (2 Тимотеј 1,5).

Човекот од Македонија[уреди | уреди извор]

Стих 9[уреди | уреди извор]

Преку ноќта Павле имаше видение: стоеше пред него еден човек, Ма­ке­до­нец, кој го молеше и му велеше: „Дојди во Македонија и помогни ни!“[4]

Во овој стих се зборува за видението на Павле во кое му се јавил Македонец и го молел да дојде во Македонија за да им помогне на луѓето, по што Павле и неговите другари веднаш се одѕвале. Ова се смета за одек на случката во Ис.Н. 10,6 каде луѓето од Гаваон му пратиле молба на Исус Навин велејќи „ ... Не кревај раце од твоите слуги; дојди поскоро кај нас, избави нѐ и помогни ни“.[5]

Интересно е тоа што овој повик на Македонците е претставен на првиот амблем на колонијата Масачусетски Залив (денес Масачусетс) во САД, каде има Индијанец прикажан со свиток крај устата како вели „Дојди и помогни ни“ („Come over and help us“)[6].

Друг американски пример е градот Македонија во Охајо, чие име е изведено токму од овој библиски стих.

Крштевањето на Лидија Македонката[уреди | уреди извор]

Крштевањето на Лидија. Мари Еленридер, 1861 г.

Во оваа епизода се раскажува за крштевањето на Лидија Македонката во Филипи (кај денешно с. Рахче, Егејска Македонија), со што тааа станала првиот христијанин во Европа.

Стихови 14 и 15[уреди | уреди извор]

И една богобојазлива жена од гра­дот Тиатир, по име Лидија, која продаваше црвени ткаенини, слушаше; и Господ ѝ го отвори срцето да внимава на она, што го зборуваше Павле. А кога беше крстена таа и нејзини­те домашни, нѐ замоли и рече: „Ако сте ме признале за верна на Господ, тогаш влезете во мојата куќа и престојувајте во неа!“ И нѐ принуди.[7]

Жената од Филипи и гатачкиот дух[уреди | уреди извор]

Стихови 16-18[уреди | уреди извор]

Еднаш, кога одевме на молитва, по патот нѐ сретна една слугинка, која имаше гатачки дух. Таа на господарите свои им донесуваше големи приходи од гатањето. И одејќи по Павле и по нас другите викаше, зборувајќи: „Овие луѓе се слуги на Севишниот Бог! Тие го навестуваат патот на спасението.“ Ова го правеше таа многу дни. И кога му здодеа на Павле, тој се сврте и му рече на духот: „Ти заповедам во име­то на Исус Христос излези од неа!“ И излезе во истиот час.[8]

Во овој дел се зборува за некоја жена која била опседната од „гатачки дух“, чиј карактер не е објаснет. Павле му наредил на духот да ја напушти жената во името на Исус, како што тоа го правеле апостолите кога истерувале демони (Марко 16,26-18). Иако духот исправно велел дека дојдените му служат на Севишниот Бог, апостолите решиле да го истераат бидејќи виделе дека господарите на гатачката се богателе од нејзините зборови, а со тоа — од нивното евангелие.

Стих 31[уреди | уреди извор]

А тие му одговорија: „Поверувај во Господ Исус Христос, и ќе се спасиш ти и целиот твој дом!“[9]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Holman Illustrated Bible Handbook. Holman Bible Publishers, Nashville, Tennessee. 2012.
  2. John Arthur Thomas Robinson (1919–1983). "Redating the New Testament". Westminster Press, 1976. ISBN 978-1-57910-527-3
  3. Дела 16,1 — Стандардна македонска библија со девтероканонски книги
  4. Дела 16,9
  5. Selwyn, E. C. The Christian Prophets at Philippi. Expositor, June, 1901, pp. 415–21
  6. Stockbridge Mohican History, 'The Seal of the Massachusetts Bay Colony: "Come Over and Help Us' Архивирано на 7 јануари 2015 г.
  7. Дела 16,14-15
  8. Дела 16,16-18
  9. Дела 16,31

Надворешни врски[уреди | уреди извор]