Грб на Гватемала

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Гватемалски грб)
Грб на Гватемала
Подробно
ГрбоносецГватемала
Усвоен18 ноември 1871
Мото„Libertad 15 de septiembre de 1821“

Грбот на Гватемала е првично амблем, затоа што не ги исполнува хералдика стандардите за грб.

Елементи на грбот[уреди | уреди извор]

Грбот се состои од:

  • венец од маслинови гранчиња, кој ги опфаќа сите останати елементи
  • птица Квецал
  • лист на кој пишува LIBERTAD 15 DE SEPTIEMBRE DE 1821 (Македонски: СЛОБОДА 15 СЕПТЕМВРИ 1821)
  • Две вкрстени пушки
  • Два вкрстени меча

Симболика[уреди | уреди извор]

Маслиновите гранчиња на грбот го симболизираат мирот. Птицата Квецал е традиционален јужноамерикански симбол на слободата. Датата на листот - 15 септември 1821 - го претставува датумот на независноста на Америка од Шпанија. Вкрстените пушки ја симболизираат подготвеноста на Гватемала да се брани, а вкрстените мечеви ја симболизираат честа.

Грбот се наоѓа и во централниот дел на знамето на Гватемала.

Поврзано[уреди | уреди извор]