Герлиц (германски: Landkreis Görlitz) е округ (Kreis) во Саксонија, Германија. Именуван е по неговиот главен град Герлиц. Се граничи (од запад надесно) со округот Бауцен, покраината Бранденбург, со Полска и Чешка.
Историја [уреди]
Округот бил основан во август 2008 со спојување на трите помали окрузи: округот Лебау-Цитау, Нидершлезишер Оберлаузицкрајс (Долношлезиски горнолужички округ) и урбаниот округ Герлиц.
Географија [уреди]
Округот се состои од југоисточниот дел на Лужица и западниот дел од Шлезија, вклучувајќи дел од Лужичките Висорамнини. Лужичка Ниса создава дел од источната граница, додека Шпре тече низ западниот дел на округот.
Грбот на округот Герлиц содржи симболи од државите кои некогаш владееле со округот. Црниот орел со полумесечина на градите се однесува на Шлезија. Крунисаниот лав со две опашки се однесува на Бохемија. Ѕидот се однесува на градот Бауцен и Горна Лужица и лисјата од липа се однесуваат на лужичката заедница.
Градови и општини [уреди]
Надворешни врски [уреди]
|
|
|
| Урбани окрузи |
|
|
| Рурални окрузи |
|
|
| Поранешни урбани окрузи |
|
|
| Поранешни рурални окрузи |
|
|
51.166667, 14.833333