Лајпциг (округ до 2008)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лајпциг
Leipziger Land
—  Округ  —
Земја  Германија
Покраина Саксонија
Адм. подр. Лајпциг
Укинат 01.08.2008
Адм. цент. Борна
Површина
 • Вкупна 752 км2
Население (2001)
 • Вкупно 152,687 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Рег. табл. L
Портал landkreis-leipzigerland.de

Лајпциг (германски: Leipziger Land) е поранешен округ во Саксонија, Германија. Се граничел со (од север надесно) окрузите Делич, слободниот град Лајпциг, Мулдентал, Митвајда, округот Алтенбург во Тирингија и окрузите Бургенланд, Зале во Саксонија-Анхалт.

Историја[уреди]

Историјата на областа била под влијание на градот Лајпциг.

Округот бил основан во 1994 со спојување на поранешните окрузи Лајпциг, Борна и Гајтхајн. Во август 2008, станал дел од новиот округ Лајпциг.

Географија[уреди]

Главна река во округот е Вајсе Елстер (Weiße Elster), која исто така тече низ градот Лајпциг. Областа јужно од Лајпциг претставува голема рударска област, пред сè за јаглен, која се планира да биде претворена во езера во блиска иднина. Исто така, јагленот ја прави областа, главна индустриска област во Источна Германија.

Грб[уреди]

Грб Лавот на десната страна е симбол на грофовите од Мајсен, вертикалните сини ленти долу се симбол на кметовите од Ландсберг. Обата симбола се исто така претставени и во грбот на градот Лајпциг. Лево е брановитата линија на зелена основа, која ја симболизира реката Вајсе Елстер.

Градови и општини[уреди]

Градови Општини
  1. Белен
  2. Борна
  3. Фробург
  4. Гајтхајн
  5. Гројч
  6. Кичер
  7. Корен-Залис
  8. Марклеберг
  9. Маркранштет
  10. Пегау
  11. Регис-Брајтинген
  12. Рета
  13. Цвенкау
  1. Дојцен
  2. Елстертребниц
  3. Еспенхајн
  4. Ојлатал
  5. Гроспесна
  6. Кицен
  7. Лобштет
  8. Нарсдорф
  9. Нојкирич

Надворешни врски[уреди]