Кемниц (округ)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кемницер Ланд
Chemnitzer Land
—  Округ  —
Земја  Германија
Покраина Саксонија
Адм. подр. Кемниц
Укинат 01.08.2008
Адм. цент. Глаухау
Површина
 • Вкупна 336 км2
Население (2001)
 • Вкупно 139,800 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Рег. табл. GC
Портал landkreis-chemnitzer-land.de

Кемницер Ланд (германски: Chemnitzer Land) е поранешен округ во Саксонија, Германија. Се граничел со (од север во насока на стрелките на часовникот) округот Митвајда, градот Кемниц, окрузите Штолберг и Цвикауер Ланд и покраината Тирингија (округ Алтенбургер Ланд).

Историја[уреди]

Историјата на областа главно е под влијание на соседните градови Кемници Цвикау. Во средниот век, градот Глаухау, главен град на поранешниот округ, бил центар на земјата Шенбург-Глаухау. Владата на Источна Германија се обидела да го претвори регионот во огромен индустриски комплекс, што е причина за густината на население.

Округот бил основан во 1994 со спојување на поранешните окрузи Глаухау и Хоенштајн-Ернстал. Во август 2008, како дел од реформата на окрузите во Саксонија, окрузите Цвикауер Ланд, КемницЛанд и урбаниот округ Цвикау биле споени во новиот округ Цвикау.

Географија[уреди]

Некогаш густо пошумена област, Кемниц Ланд сега е високо урбанизиран регион со само неколку зелени област. Реката Цвикауер Мулде тече низ северниот дел на округот.

Грб[уреди]

Грб Лавот е хералдички лав на Саксонија. Црвената и белата лента се преземени од грбот на грофовите на Шенбург-Глаухау.

Градови и општини[уреди]

Градови Општини
  1. Глаухау
  2. Хоенштајн-Ернстал
  3. Лихтенштајн
  4. Лимбах-Оберфрона
  5. Меране
  6. Оберлунгвиц
  7. Валденбург
  1. Бернсдорф
  2. Каленберг
  3. Герсдорф
  4. Нидерфрона
  5. Обервира
  6. Ремзе
  7. Занкт Егидин
  8. Шенберг

Надворешни врски[уреди]