Ауе-Шварценберг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ауе-Шварценберг
Landkreis Aue-Schwarzenberg
—  Округ  —
Земја  Германија
Покраина Саксонија
Укинат 01.08.2008
Адм. цент. Ауе
Површина
 • Вкупна 528.25 км2
Население (2001)
 • Вкупно 138,331 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Рег. табл. ASZ
Портал http://www.lra-asz.de

Ауе-Шварценберг (германски: Aue-Schwarzenberg) — поранешен округ (Kreis) во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од југ надесно) Чешка и окрузите Фогтланд, Цвикау, Штолберг и Анаберг.

Историја[уреди]

Рудните Планини (германски: Erzgebirge) биле скоро ненаселени во раниот Среден век. Имало изолиран манастир во XII век. Повеќето од градовите во планините биле основани во XVI век, по откривањето на рудите сребро и калај.

Окрузите Ауе и Шварценберг биле основани во 1873 година. Во 1994 година, двата окрузи биле споени во еден заеднички округ, кој бил наречен Вестерцгебиргскрајс и една година подоцна бил преименуван во неговото постојно име (Ауе-Шварценберг). На 1 август 2008 година, бил припоен кон новиот округ Рудни Планини.

Географија[уреди]

Округот се наоѓал во западниот дел на Рудните Планини. Сртот на овој планински масив ја формира јужната граница на округот, која исто така е и германско-чешка граница. Највисокиот врв во округот е Ауерсберг (1019 м), вториот највисок врв во Саксонија, по Фихтелберг.

Изворот на Цвикауер Мулде се наоѓа во округот. Оттука тече кон север до Цвикау.

Панорамски поглед од Ауерсберг

Грб[уреди]

Грб Грбот прикажува:
  • Свештенички свиок, кој го симболизира манастирот во Гринхајн, кој бил најстарата населба овој дел на Рудните Планини;
  • Заби на волк, кои биле дел од грбот на грофството Шварценберг;
  • Црн андреин крст на жолта основа, кој бил користен од грофството Хартенштајн, кој се наоѓал во северниот дел од округот.

Градови и општини[уреди]

Градови Општини
  1. Ауе
  2. Ајбеншток
  3. Гринхајн-Бајерфелд
  4. Јохангеоргенштат
  5. Лаутер
  6. Лесниц
  7. Шнеберг
  8. Шварценберг
  1. Бад Шлема
  2. Бернсбах
  3. Бокау
  4. Брајтенбрун
  5. Рашау-Маркерсбах
  1. Шенхајде
  2. Зоза
  3. Штиценгрин
  4. Цшорлау

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]